Со одлична игра Арсенал го совлада Челси во финалето на ФА Купот и како така ја извади сезоната. Но тоа не ги засити незадоволните навивачи кои бараат промени.
По 20 години традиција Топџиите ќе ги нема во Лига на шампиони наредна сезона бидејќи завршија на петта позиција со бод зад Ливерпул кој обезбеди квалификации. За тоа им следува ова видео.
На 17. мај пред 17 години, на стадионот „Паркен Стадиум“ во Копенхаген, најславната генерација во историјата на Галатасарај на пенали го победи Арсенал во финалето на Купот на УЕФА и го освои ова вредно натпреварување.
Врти-сучи пак доаѓаме до непобитниот факт дека најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата Сер Алекс Фергусон имал најуспешни серии без пораз. И Мурињо има долга, но со повеќе од пола нерешени.
Фудбалерите на Арсенал и Лестер 86 минути се мачеа да постигнат гол пред четири дена и на еден навивач на Топџиите му дојде преку глава и си го извади телефонот за да најде друга занимација. Тој што седеше над него го сликна, го твитна, а потоа уследија 2.200 ретвитови. Овој навивач беше единствениот кој виде “гол“ пред Лестер да си постигне автогол.
На 21 април 2009 година Андреј Аршавин го одигра најдобриот меч во својата кариера. Епскиот дуел меѓу Ливерпул и Арсенал од Премиер лигата заврши 4-4, а Русинот ги даде сите голови за „Топџиите“.
Шпанската Гранада во Примера е како неодговорен студент кој сака да ги реши испитите. Во последните пет години „Насриди“ редовно се спасуваа од испаѓање во понизок ранг а тенденцијата продолжи и сезонава.
Потсети го што сè освоија играчите кои не успеаа да ги задржат или покажи му ја табелата во Премиер лига во изминативе 10 години. А да не збориме за нивниот вечен пласман во Лига на шампиони кој фали во видеово.
Кристал Палас, тим кој се бори за опстанок синоќа го посрамоти Арсенал со 3:0 и му нанесе нов срамен рекорд на Арсен Венгер. Подавањето и потоа паѓањето на Гранит Џака од ништо е огледало за синоќешниот очаен настап на Топџиите.
На 6 април 2010-та Топџиите ја имаа таа НЕсреќа да ѝ гостуваат на Барселона на реванш четвртфиналниот дуел од ЛШ. Отпатуваа со резултат 2:2 и потоа им се случи Меси.
Легендата на Арсенал, Реј Парлоу раскажа неколку настани поврзани со комичниот трансфер на латвискиот стопер Игорс Степановс кој во 2000-те ни крив ни должен добил договор од „Топџиите“. Позадината на трансферот е комедија.
Јас сум апсолутно револтиран и жал ми е за луѓето кои дале многу пари за да го гледаат овој натпревар, изјави предводникот на Топџиите од кои цела Англија бара да си поднесе оставка откако врза седум лузерски осминафиналиња во ЛШ.
Картите за синоќешниот меч Арсенал - Баерн Минхен биле по 75 фунти, а ништо поевтини не биле ниту влезниците за гостите поради што Баварците извадија неколку банери и фрлаа тоалетна хартија на теренот во знак на протест. Судијата на кратко го прекина мечот за да се исчисти теренот па играта продолжи.
Топџиите со вкупни 2:10 и Наполитанците со 2:6 се збогуваат од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Баерн Минхен и Реал Мадрид покажаа светска класа и во топ 8 од најелитното клупско европско натпреварување одат со нови победи и тоа идентични од првите средби.
Освен оброкот на резервниот голман на домаќините, на синоќешниот дуел од ФА Купот имаше уште еден невообичаен момент кој слободно можеме да го крстиме како гаф на премиерлигашот.
„Топџиите“ денес патуваат кај Сатон Јунајтед каде ги чека 5. рунда од ФА Купот против аматерски клуб кој елиминираше фаворити и кој игра на вештачка, синтетичка трева.
Сигурно на Арсенал им е преку глава секоја година да губат во осминафиналето од ЛШ, ама треба да се запрашаат како им е и на нивните навивачи кои трошат многу пари и кинат нерви, а на крај никој нема да им каже фала.
Проклетството на Топџиите во топ 16 фазата од Лигата на шампионите трае веќе седум сезони, а најголемата иронија е што последен пат ја минале со помош на хет-трикот на еден од најисмејуваните фудбалери.
По Барселона, вториот тим на кој спас од елиминација во реванш осминафиналето од ЛШ ќе му биде победа од 4:0 е тимот на Арсен Венгер. Нешто подостижна предност за анулирање ќе имаат Наполитанците кои за историско четвртфинале ќе треба да слават 2:0 против Европскиот првак.
Сезонава хит во Англија е петтолигашот Сатон Јунајтед кој преку Форест Грин, Вимблдон, Дартфорд, Челтенам и Лидс Јунајтед стигна до 1/8 финале на ФА Купот и ќе во своето селце ќе го пречека моќниот Арсенал.
Еден од илјадниците бесни навивачи на Арсенал синоќа во текот на мечот против Ватфорд кој „Топџиите“ го загубија 1:2 во живо од стадионот му прати порака на Арсен Венгер и стана хит на интернет.
Ждрепките на кои се влечат паровите од најстарото натпреварување на светот во Англија се следат со посебна драж. Така навивачите на петтолигашот Сутон кој се наоѓа во истоименото лондонско предградие паднаа во транс кога дознаа кој ќе им гостува во 5. рунда.
Еден од 22-та браќа и сестри како мал со семејството се сели од Камерун во Шпанија која била почеток на неговиот фудбалски пат. Од другарствата со Марадона и Ето и многу трофеи, стана легенда на Арсенал.