И покрај тоа што промаши пенал и пропушти неколку шанси за гол, Атлетико Мадрид успеа да го победи Баерн Минхен на Карло Анчелоти. ПСЖ и Барса славеа после пресврти, а Сити првпат сезонава не победи.
Во согласност со нивната (не)активност на трансфер пазарот, The Sun направи рапсодија од тоа како навивачите на најголемите премиерлигашки клубови на шанк нарачуваат пиво.
Арсен Венгер денес слави јубилеј две децении на клупата на „Топџиите“. Дојде како иновативен тренер кој допринесе (уште допринесува) за развојот на убавиот фудбал. Во Премиер ги донесе Анелка, Виера и Тиери Анри и веќе во првата сезона освои двојна круна. Во последно време навивачите му замеруваат поради тоа што имал „змија во џебот“ и не троши пари за нови засилувања на тимот.
Влијанието на рускиот претседател Владимир Путин лежи зад приказната со трансферот на Аршавин во Арсенал кој за Русинот морал да плати 15 милиони фунти, двојно повеќе отколку што бил спремен да плати.
Една од оние сцени во Премиер лигата во време кога парите не беа до толку во прв план како што е сега со Арапи и Руси. Кошкањето почнува со Виера и Кин, ги двојат Бекам и Беркгамп, а се вмешува Јап Стам. Колку само тежина има видеово со овие за жал веќе поранешни фудбалери.
Нотингем Форест дома прими четири парчиња од Арсенал во Лига Купот, ама од првиот не може уште да се освести. Се работи за швајцарски проектил во изведба на 23 годишниот Гранит Џака за кој Топџиите на Борусија Менхенгладбах и платија 30 милиони фунти.
За дербито на вечерта во Лигата на шампионите треба да знаете дека последен пат се сретнале во полуфиналето на Купот на куповите на победниците во сезоната 1993/1994, кога Арсенал бил подобар со вкупни 2:1. А што имаат различно овие две екипи во поглед на статистиката во лигите каде што настапуваат? Ништо.
Арсенал во последните години важи за најшарениот клуб кога во прашање се националноста и религијата на играчите. Пред неколку дена меѓу „Топџиите“ стигна и фудбалерот кој сака да купи куќа во село Маврово и секоја година доаѓа во Гостивар.
Вечерва во Нион се извлече ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе гледаме неколку мега дерби средби како тоа меѓу Атлетико - Баерн и Реал - Дормтунд.
Секој скаут има свој начин на работа. Критериумите се горе-долу слични, но методите на пристап до бараниот талент се различни. Понекогаш работат буквално како шпиони и гледаат што пие и јаде и каде излегува младиот играч.
Топџиите го платија Швајцарецот Гранит Џака преку 40 милиони евра, пари кои се обидува да ги оправда уште пред стартот на новата сезона. Ритуалот е секој новајлија на првиот ден во новиот клуб да изведе некоја точка.
Топџиите често знаат да блеснат на почеток, да држат прво место во Премиер лигата на средина од првенството и на крај да паднат. Така било и на оваа табела од сезоната 1936/1937 кога од прво на крај паднале на трето место.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Да си тренер на Топџиите кај што треба да се расправаш со навивачите зошто не можеш 12 години да освоиш титула, треба да им бараш и оправдание на играчите кои се отсутни или да не им даваш толку одмор. Сезоната почнува за 25 дена. На Емирати е полупразно со играчи.
Необично, еден е од ретките во Велшката репрезентација кој зборува чисто на мајчин јазик. На дебито со 16 години за Кардиф, најдобриот другар го ишишал и го упропастил поради што морал да се бричи на нула. По тешката повреда во 2010, се врати уште појак и подобар.
Топџиите од Северен Лондон се многу близу до потпис со најдобриот стрелец од минатата сезона, Џејми Варди од Лестер. За него Венгер би одвоил 20 милиони фунти а дел од тие пари ќе ги добие и третолигашот Флитвуд.
Откако заврши последниот меч на Арсенал сезонава, децата на сите играчи се симнаа на теренот и заиграа фудбал. Најмногу покажа малиот Казорла кој си поигруваше со постарите деца.
Човекот кој на 5 години првпат бил на стариот Хајбери, 36 години подоцна живее во стан на Западната трибина од каде низ прозорот гледа на некогашниот терен и се сеќава на амбиентот на овој легендарен стадион.
Менаџерот кај кого играчите сами доаѓаат, а не тој по нив во моментов работи на трансфер на Хенрик Михтарјан, Еременцот кој едвај избега од Донецк каде не го пуштаа по никоја цена.
Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.