Антонио Конте ја запали машината. Интер со 4:0 го прегази Лече во последниот меч од првото коло на новата Серија А. Меѓу стрелците беше и Ромелу Лукаку кој постигна гол на дебито, а играч на мечот беше ветеранот Кандрева.
Едно е сигурно - ќе гледаме трка меѓу „Сарибол“ и прагматичниот жесток стил на Антонио Конте. За разлика од претходните сезони кога не знаеше кај тера, Интер овојпат делува, макар наизглед, сериозно намерачен да му се испрси на Јувентус.
Фудбалерите на Интер ќе ги спрема Антонио Пинтус, човекот кој во врвна форма ги доведувал Зидан, Кристијано Роналдо, Дел Пјеро, Виали, Дешам, Ѕола, Модриќ, Марсело и многу други. На почеток плачат од пеколниот ритам, после му се заблагодаруваат.
Сезоната 2006/2007 во втората италијанска лига, Арецо ја почнал со нов тренер и со минус шест бода поради казната од скандалот калчополи, а најголемото изненадување го направиле на најтешкото гостување.
За човекот кој 13 години беше играч на Јувентус, а потоа го изнесе овој клуб одново на прав пат и му донесе многу титули, навивачите на „Старата дама“ би требало да имаат почит. Или не?
Работата е завршена и официјализирана. Спалети аут, Конте ин. И покрај тоа што две години по ред ги носи во Лига на шампиони, очигледно Интер не е задоволен од работата на нивниот досегаш стратег, па се реши за уште позвучно и појако име. Неговото доаѓање го најавија со специјално изработено видео во кое се појавуваат само Конте и газда Стивен Жанг.
Строг, авторитетен и темпераментен, таков беше претходникот на Алегри во Јувентус. И еден Џиџи кога се обидел нешто да му каже како капитен, овој му згрмил, а целта била една. Испишување на нова историја. Ги напнал и му успеало.
Иако соиграчите го избраа за најдобар играч на сезоната, бразилскиот репрезентативец не ужива доверба кај тренерот Антонио Конте и наскоро би можел да замине од „Стемфорд Бриџ“ ако овој остане.
За циркус пред камерите во Премиер лигата обично е задолжен Јирген Клоп, ама и темпераментниот Антонио Конте покажа талент за правење смејурии со помош на жена му.
Меѓу италијанските новинари има и класични тролачи, а еден од нив ја искористи последната прес-конференција на Конте во Лондон да му подари дрес од Манчестер Јунајтед со автограм од Мурињо и натпис: „До мојот драг пријател Антонио“. На крај тренерот на Челси му кажа дека може слободно да си го земе назад дресот. Ова доаѓа по жестоките напади на релација Конте-Жоозе.
Има 23 години, роден е во Париз, влече африканско потекло. Од Монако лани дојде во Челси за околу 40 милиони фунти и требаше да биде замена за Немања Матиќ кој замина кај Мурињо во Манчестер Јунајтед. Ама па требаше и е не е исто.
Актуелниот првак на Англија држи форма како актуелниот првак на Шпанија. И едниве и другиве се на -19 од лидерот на табела со нула шанси за одбрана на титулата. Челси има 6 порази, а последние два му се од Бурнемут и Ватфорд. По тој повод имаме компилација со еден од најнервозните тренери на денешницата на кој му виси работното место.
За екипите на Конте напаѓачите се поважни од било кој друг. Ако во другите клубови учинокот на центарфорот се оценува по головите, во тимот на Конте напаѓачот во принцип одговара на прашањето „Игра ли екипата добро“?
Гвардиола практично ја освои титулата во Премиер пред Нова година, па останатите тренери се занимаваат со други работи. Клоп гледа како пред негови очи продаваат и купуваат играчи за рекордни суми, Венгер се расправа со судиите, а Конте и Мурињо еден со друг.
Почна да ја негува Фергусон пред неколку години, а на средбата со шише вино после натпреварите, тренерите дискутираат за тактиката, за перспективата и општо за животот. Само Венгер не пие никогаш со противничките тренери.
Мајкл Еменало е човекот кој цели 10 години му бил еден од најверните соработници на Роман Абрамович но кој во понеделникот реши да замине од „Стемфорд Бриџ“ од лични причини. На повидок е конфликт меѓу Конте и десната рака на Русинот, највлијателната жена во фудбалот.
Рома со 3:0 го прегази Челси и со 8 бода се издвои на првото место во групата Ц. За време на целиот меч, дефанзивците на Конте изгледаа како мали деца.
На 8 меча од премиерното отворање на сцената во Лигата на шампионите синоќа паднаа 28 гола. Најубавиот го даде Италијанецот Давиде Ѕапакоста од Челси кој уште не се распакувал по пристигнувањето во Лондон од Торино. Челси славеше 6-0 против Карабаг од Азербејџан а Ѕапакоста го даде голот во 30’ минута.
Ако не сте голем љубител на англиската Премиер лига во ред е никогаш да не сте го слушнале името Марина Грановскаја. Ако не сте страстен навивач на Челси, речиси сигурно не знаете како таа изгледа.
Зад англискиот шампион сезонава се кријат импресивни бројки, а најважните од нив се спакувани во ова видео. Прво за издвојување е дека се прваци и во фер плеј бидејќи немаат добиено ниту еден црвен картон. Пресвртницата ја направи Конте кој на 1 октомври почна со 3-4-3, формација со која освои 77 од можни 90 бода и која оствари маестрална гол разлика 33:7.
Сините од Лондон брзо го заборавија Мурињо и сезонава го свиреа. Тоа не е убаво, бидејќи пред сè тој и неговите претходници и наследници учествуваат во изградба на еден силен Челси кој во ерата на Амбрамович стигна до импресивни бројки.
Знаете ли дека во последниве 8 сезони во Премиер лигата титулата ја освојуваат четворица различни италијански тренери, а дека во последниве 25 години во најскапата лига во светот ниту еден домашен тренер не го сторил тоа? Едноставно Италијанците тоа го прават најдобро.
Поранешниот италијански селектор неколку пати зборувал колку лично тешко му паднал животот во Лондон без жена му Елизабета Мускарело и децата. И покрај тоа, Италијанецот ја освои титулата уште во првата сезона со Челси (шеста за Сините во историјата), а жена му синоќа се расплаче од среќа на „Стемфорд Бриџ“ каде се ореше ’Антонио, Антонио’.
Златната генерација на Јувентус не успеа да врзе 2-3 титули на самиот старт од овој милениум, а имаше состав за такво нешто. Колку само интелигентни играчи имаше во тој состав подоцна предводен од интелигентниот Марчело Липи, потврдува фактот што пола од нив сега делат памет.