После 3-4 дена пијанчење, повраќање и урлање во португалскиот град Гимараеш, каде што се играше финалето на Лига на нации, англиските навивачи конечно се вратија дома. А локалците, кога сфатија дека куртулиле, со аплауз ги испраќаа.
Маргарет Тачер, челичната лејди беше најзаслужна што Британија ги скроти хулиганите кои како кучиња од ланец беа пуштени по Европа каде рушеа сè пред себе. Сега веќе нема такви насилни бараби, ама има кретени кои после пар пива мочаат по европските плоштади и фрлаат стари луѓе во фонтани.
Јирген Клоп како да го запали шкорчето во сноп сено со изјавата дека е неодговорно од УЕФА што едно големо финале на Лига Европа ставила во Баку до каде е многу тешко да се стигне по алтернативен начин. Еден народен писател од Баку му одговори.
Никогаш не треба да се избрзува како што избрзал овој какодагонаречеме навивач на Лидс на кој му биле доста 0-1 од првиот меч со Дерби пред да чека реванш.
Лукас Мура му ја протнува на Онана во 96-та минута за 2:3 и после неколку секунди во горниот прстен од „Амстердам Арена“ некој плаче, некој се тресе, некој се држи за глава, некој урла. Воглавном сите шокирани.
Секој што седел во маало на клупи со Горско и соленки од 10 денари го разбира оној студентски живот каде 100-ка ја цениш како 1000-ка. Добро сторијава со студентов од Англија е сосема поинаква, ама ние си сакаме парарели. Без разлика што сме штеделе за во град, а тој за два светски стадиони, сепак го жалиме.
Во 1973-та година на „Гудисон Парк“ во Ливерпул, 7 навивачи на Милвол биле нападнати со нож од хулиганите на Евертон. Низ годините кај стариот „Ден“ стадион на Милвол имало графити: „Ако има среќа дајте ни го Евертон во Купот“. Денешната генерација навивачи на Милвол е трета задоена со омраза кон Евертон.
Еден од честите совети на лекарите и психотерапевтите е дека напорното физичко вежбање и трчање е една од насоките на патот кон излегување од тешката депресија и другите анксиозни состојби.
Кога во еден момент трчал од радост по трибината за да го прослави единствениот гол на Евертон против „чеканите“ од Вест Хем, многу навивачи помислиле дека станува збор за измама во секторот за инвалиди.
Англичаните експлодираа еднаш, а Хрватите два пати за време на полуфиналето. Нема поголема радост кај навивач од тоа кога неговите ќе дадат гол на Светско. Коефициентот дека ќе ти истурат пиво ако гледаш на плоштад е 1.20.
Англиската фудбалска јавност половина век чекаше финале и титула на Светско првенство, а сега беа најблиску до тоа во последниве три децении. Според тоа што се случувало после вчерашното полуфинале, како да не можат да се помират со поразот.
Неколку недели по почетокот на Светското првенство во Русија, многу луѓе се увериле дека во натписите на британските и американските медиуми за повторување на насилните сцени од страна на руските хулигани нема никаква вистина.
Некои во земјата, некои во Русија на стадион, а некои на 30.000 метри горе, во авион на пат за Ибица. Стјуардесата и пилотот јавуваат што се случило во осминафиналето против Колумбија.
После години и години разочарувања од многу генерации меѓу кои и онаа златната на Џерард, Тери, Лампард, сега англиските навивачи конечно гледаат свежина и младост спремна да им го донесе трофејот кој го чекаат
Да има Светско на Марс најбројни навивачи би биле Англичаните. Но медиумската машинерија направи страшна анти-кампања против Русија, па луѓето решиле да останат дома каде им е побезбедно.
Со голот на Хари Кејн за победа во 91’ минута, Англија ги освои првите три бода на Светското и ќе може да игра полесно во продолжение без притисок. Навивачите ширум оваа земја а и оние кои беа на стадион прославија френетично.
На финалето од ЛШ во 1985-та се случи една од најголемите трагедии во историјата на спортот. Јувентус за првпат стана европски првак но резултатот остана во сенка на големата трагедија.
Извозел 60 километри за да оди на гостување, ама не на Олд Трафорд, туку во деветта англиска лига за да си го бодри тимот. Сам, на трибина голема колку клупа за резерви. И тоа го бодри, во буквална смисла. Во Англија страста за фудбал е иста од Премиер лига до најнизок можен ранг.
Видете вака, Ливерпул е клуб со историја тешка 44 трофеи без тие 15 во Комјунити Шилд, а Манчестер Сити има 15. Едниве имаат страшна навивачка армија со традиција, а другиве направија клуб со пари. Тоа се тие разлики за почеток, а сега одиме со споредба меѓу нивното тифо.
Двајца „скаузери“ не нашле карти за гостинскиот сектор па морале да седат на една од домашните трибини. При прослава на вториот гол на Ливерпул малку требало за да настане хаос. Среќа навреме реагирале редарите па ги раздвоиле.