Крофна Бургер

Преживувам тежок ПМС!

Потребни состојки:

  • 2 крофни
  • 1 плескавица (од најблиската сендвичара)
  • кашкавал
  • сланина
  • кисела краставичка

Жена бе, жена!
Невозможно битие. Таков ум се случува само еднаш во историјата на постоењето на оваа планета. Мисли треба да ни читате, што не е јасно! Мислам не, сакам да. Е тоа сме.

Тежок ПМС ме пука, не ми замерувајте. Плачам на све што ќе мрдне, онака со долна вилица тресење. На пиљарка во маркет имам плачено пошто ми кажа "Повели душо". Ама не само тоа, натажено ме погледна и имаше најмилозвучен глас и рацете и беа потемнети од што преместувала зеленчуци. Дали бе пак ми дојдоа солзи?! А па ако ми кажеш нешто со повишен тон, е тука готово, реки течат. Ме погодува секој збор ама директно во срце. Патам бе, патам. Не оти знам зошто, ете така пошто сум во ПМС.

Све изедов денес што ми дојде при рака. Прво се разбудив со тешка глад, со болење желудник. Изедов сендвич, па изедов наполитанки, па чипс, па еден друг вид наполитанки, па уште еден сендвич и не престанува, и не престанува оваа потрага по благосоленокиселолут вкус. Ама еднаш мислам дека го имам достигнато врвот, чипс со пудинг. Пудингот ми беше дип.

Но денес, денес ова е ултимативно достигнување.

Од што не знаев што повеќе, прво си велев "доста јадеш стоко", па отворив да гледам на нет храна, да се залажувам. Кај отворив, кај се заебав. ПОРНФУД РУЛЗ!!! Немав време за готвење, купив сè што треба и само ги споив.

Сега комотно можам да умрам.

Чекори за подготовка:

  1. Набавете ги сите намирници. 
  2. Испржете ја сланината.
  3. Ако плескавицата е голема исечете ја колку што е крофната. 

  4. Ставете го кашкавалот врз плескавицата и ставете ја во микро на 5-10 секунди, доволно за да се стопи.
  5. Редење по ред, крофна, плескавицата со кашкавал, сланина, крофна и кисела краставичка!
  6. Не е до мене, до ПМС-от е! 

:

3 март 2016 - 19:22