Собрани финансиски податоци за 2023 година

Транспарентност и одговорност во бизнисот: Company Wall ги прикажува најновите финансиски извештаи на македонските компании.
 

Финансиските извештаи се исклучително важни бидејќи даваат клучни информации за финансиската состојба, перформансите и промените во финансиската состојба на компаниите, кои се неопходни за донесување информирани деловни одлуки.

Тие служат како основа за анализа и интерпретација на финансиските резултати, дозволувајќи им на идните инвеститори и потенцијалните партнери да ги проценат минатите, сегашните и идните перформанси на компанијата. Без транспарентни и точни финансиски извештаи, инвеститорите, кредиторите и менаџментот би се соочиле со значителни предизвици во проценката на вредноста на компанијата и нејзиниот потенцијал за раст.

За државите, собирањето финансиски извештаи на сите компании е важно бидејќи дава можности за проверка на работењето на деловните субјекти кои инаку минуваат низ други контролни системи, на пример преку даноци и придонеси. Финансиските извештаи не само што помагаат во донесувањето информирани деловни одлуки, туку придонесуваат и за зајакнување на довербата на инвеститорите и јавноста во деловниот сектор во земјата.

Крајниот рок за поднесување на завршната сметка во Македонија е 15 март и се доставува до Централниот регистар на Република Северна Македонија исклучиво по електронски пат. Обврска да ја поднесат завршната сметка имаат сите компании, јавни претпријатија, банки, осигурителни друштва, финансиски службеници за лизинг, доброволни пензиски фондови и задруги. Извештаите го вклучуваат билансот на состојба, билансот на успех и консолидираниот биланс на состојба. Овие извештаи даваат детален преглед на средствата, обврските, капиталот, приходите, расходите и финансиските резултати.

Но, за да Ви биде корисен финансискиот извештај, потребно е истиот да биде „толкуван“ од професионални аналитичари кои точно знаат каде и што да бараат. Бонитетната куќа CompanyWall набавува пакети од сите годишни извештаи од националните регистри во регионот, врз основа на кои креира темелни анализи за сопствени потреби, како и за потребите на своите клиенти.

CompanyWall потпишува договорна обврска со државните регистри, што подразбира дека на порталот на CompanyWall се објавуваат најточно ажурирани податоци од официјални извори, со најактуелни верзии на извештаите во кои компаниите од секој покриен пазар ги направиле потребните корекции.

Оваа бонитетна куќа, со својата услуга може да Ви реши многу дилеми, како на пример зошто се важни бонитетните оцени, како се толкуваат, а можеби и уште поважно од тоа - колку различни деловни активности има во земјата, компании и претприемачи , кои се најдобрите учесници на пазарот и какви резултати остваруваат.

Годишниот извештај се состои од биланс на состојба и биланс на успех. Бонитетниот извештај Ви овозможува да добиете увид во целокупното работење на компанијата, билансот на состојба, индикаторите, извештаите за успех и други податоци на брз, едноставен и јасен начин. Исто така, поради полесно разбирање, содржи и графички прикази на анализа на финансиски податоци.

Бонитетната оцена на сите компании на порталот CompanyWall е добиена со темелна анализа. Бонитетната оцена е збир на стандардизирани податоци кои го вклучуваат целокупното работење на деловниот субјект. Во поширока смисла, кредитниот рејтинг е експертско мислење за економската сигурност на деловниот субјект. Бонитетните оцени на економските субјекти се класифицирани во бонитетни класи, од највисоките AAA до најниските CCC.

Пристап до порталот CompanyWall им овозможува на корисниците да креираат најдобри деловни стратегии преку следење на активностите на сите деловни субјекти со кои работат или со кои потенцијално сакаат да воспостават контакт и соработка.

(Комерцијален текст)

22 април 2024 - 14:10