Прашањето на Јанис Варуфакис е: зошто струјата добиена од обновливи извори, кои нели се воведуваат и субвенционираат од државни пари заради неспоредливо пониските трошоци за производство, и понатаму се плаќа по истите цени по кои се плаќа и ултра скапата струја добиена од природен гас?
На 13 април украинската страна соопшти дека во ракетен напад го потопила крстосувачот Москва, еден од најмоќните бродови на црноморската флота и општо на руската морнарица. На 15-ти април на руските медиуми беше објавена кратка информација дека крстосувачот Москва потонал во невреме на Црното море.
По руското бомбардирање на касарната во Јаворив по социјалните мрежи почнаа да се шират многу (многу непотврдени) сведоштва од наводни волонтери на украинската страна кои одеа во најразличен правец на пропаганда на двете страни (едно доста впечатливо од француски волонтер вика „многу е различно од Авганистан, таму ти ги нарачуваш ракетните напади, никој тебе не те гаѓа со ракети“). Нешто поофицијално од нив е разговорот што магазинот 1843 на Економист го има со британски волонтер кој бил и веќе се вратил од Украина.
Мечта (Мрија), технички познат како Антонов Ан-225, е најголемиот товарен авион што некогаш летал на планетава. Создадена за потребите на советската вселенска програма, чудовишната Мечта беше начекана неподвижна во хангарите на матичниот аеродром Антонов во близина на Киев и уништена на лице место за време на борбите меѓу Русија и Украина за аеродромот во Гостомел. Последен ангажман на Мечта беше да пренесе медицинска опрема од Кина во Данска.
До рускиот активист за човекови права и основач на Gulagu.net (проект за борба против тортурата и корупцијата во руските затвори), Владмир Осечкин, стигнува една неофицијална анализа за војната во Украина изработена од (непотврден) свиркач аналитичар на ФСБ, кој лично работел на руските анализи пред војната, а и откако таа почна.
Ајде да претпоставиме дека ќе се исполнат сите желби на НАТО. Утре кога ќе се разбудите, руските сили веќе се повлекуваат од Украина, поразени. Имаат катастрофални зaгуби и се враќаат дома посрамени. Тоа, заедно со санкциите, предизвикува омраза кон Путин и го симнуваат од власт.
Ултраси на фудбалскиот клуб Металист Харков собрани во групата „Сект 82“ за време на про-руските немири во Украина во февруари 2014 ја заземаат зградата на локалната самоуправа во Харков како „самоодбрана“ од про-руските демонстранти. Во април истата година министерот за внатрешни работи го овластува формирањето на паравоена формација со 12.000 членови. На 5-мај 2014 во Бердјанск, на брегот на Азовото море, официјално е формиран баталјонот Азов.