Во Русија доаѓа демократија и Русите демократски избираат нов водач. Воедно, Украина уште утре влегува во НАТО, вратен ѝ е Крим и источна Украина.
Дали до тука се слагаме дека ова се најголемите соништа на НАТО? Дали до тука се слагаме дека ова е тоа што САД го посакуваат?
Ако до тука се слагаме, ајде де размислиме што ќе се случи следно.
Прво, погледнете ги Украина и Русиjа на карта. Војските и ракетите на НАТО (секако и нуклеарни) ќе бидат не предалеку од Москва и Волгоград (Сталинград), на малку километри од руската морнарица, и исто на малку километри од руските нафтни резерви. Помеѓу нив се само рамни полиња, со никаква предност во одбрана, кои се бранат само со човечки животи. Русија е практично неодбранлива од потенцијален напад од Украина, факт што им на познат на сите генерали на светот најмалку уште од времето на Петар Велики.
Размислите сега, дали било кој, па и демократски избран лидер на Русија, нема да распореди руска војска и ракети на целата граница? Секако, да ги занемариме шансите Македонец да стане претседател на Русија.
И кажете дали нема НАТО да распореди уште повеќе? Па потоа и Русите ќе зголемат и така натаму.
Е сега, дали Украинците ќе живеат среќно во нешто што ќе биде најмилитаризираната држава на светот? Дали меѓународни компании ќе градат фабрики и дали било кој ќе прави долготрајни инвестиции до граница со по цирка пола милион НАТО и руски војници? Дали жителите на украинските градови ќе живеат нормално со илјадници ракети насочени кон нивните домови, некогаш поставени на само неколку километри од најголемите градови?
Ова ли е таа посакувана стабилност во светот, со илјадници километри долга граница каде еден упаљач може да предизвика нуклеарна војна?
Украина, НАТО те сака многу. Како шаховско поле, не како држава каде луѓето треба да живеат среќно.
Поздрав,
Матеј