Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.
Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.
На 7. ноември 1999 година, точно пред 18 години на крајот од мечот Милан - Венеција, голманот на гостите Казаца беше исклучен а неговиот тим во тој момент немаше веќе право на измени.
Најдобрите македонски ракометари прокоцкаа предност од 4 гола во вториот дел и со реми се враќаат дома. Шансата за пласман на Европско ќе ја бараат со стариот познаник Чешка во последното коло, во Скопје.
Фудбалската сезона во најдобрите европски лиги заврши, па време е за мала рекапитулација на состојбата во Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, Холандија, Русија, Белгија, Турција, Португалија и Украина.
Во третото коло од квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, ракометарите на Македонија ги победија „рибарите“ од Исланд 30-25 (15-13) и се на добар пат кон ЕП.
Управниот одбор на РФМ денеска одлучи за наследник на Лино Червар да го назначи тренерот на РК Вардар кој ќе потпише договор на селекторската функција до 2020 година.
Секој голман знае дека прв услов да станеш голман е да знаеш добро да паѓаш. Малиот Џиџи научил рефлексно да се фрла и да паѓа зимно време на снег во куќата на чичко му, а на лето постарите сестри го терале да трча со врзани раце по плажа каде ги дерел колената.