Фудбалерите на Манчестер, Рома, Шалке и Лион со една нога веќе се во осмина-финалето на Лига Европа откако вечерва убедливо ги совладаа своите ривали. Тотенхем поразен во Белгија, Ајакс ремизираше со Легија во Варшава.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
Ариц Адуриц е апсолутен херој на групната фаза во Лига Европа откако вечерва постигна нереални пет гола во триумфот на Атлетик Билбао против Генк 5-3. Рома убедлива во Виена, на Манчестер Јунајтед му виси пласманот во следната рунда.
По елиминацијата на Пандев и Ибраими од Лигата на шампиони, честа на македонските претставници во европските натпреварувања може да ја спасат Муарем, Абдурахими и Адеми кои имаат тешки задачи да останат во ЛЕ.
Во 4. коло од Лигата на Европа паднаа 76 гола. Адеми и Динамо испаднаа по убедливиот пораз од Салцбург во Загреб. Реми за Абдурахими со Локерен, пораз на Муарем од Днипро.
Македонските претставници го играат четвртото коло во Лига Европа. Минатото коло Муарем Муарем му донесе 3 бода на својот тим на гости, а вечерва со нова победа против Дњипро ќе бидат многу блиску до пласман во следната фаза.
Македонскиот репрезентативец мајсторски се ослободи од двајца дефанзивни за три бода на Карабах. Погодот постигна и Аријан Адеми, но Динамо Загреб загуби со 4:2. Без бодови остана и Абдурахими со Локерен на гостувањето во Турција во третото коло од Лига Европа.
Адис Јаховиќ, Крсте Велковски, Бесарт Абдурахими и Муарем Муарем се нашите претставници кои со своите клубови ќе се обидат да изборат пласман во групната фаза од второто по ранг клупско европско натпреварување.