Шкотскиот премиер Хумза Јусаф донесе еден од најрестриктивните закони против говор на омраза, кој дури и длабоко авторитарни влади не би се осмелиле да го помислат. Законот што Трудо планира да го донесе, прави шкотскиот закон да изгледа како заштита на слободата на говор.
Врвни светски интелектуалци и креативци предупредија дека цензурата ја уништува слободата, замолчува легитимни мислења и ја поткопува демократијата која бара дебата и соочување на различните мислења. Секогаш го имало тоа, само што сега размерите се стравични, благодарејќи на моќните технолошки алатки и „експертите за дезинформации“ кои го чуваат просторот од непожелни мислења.
На Голи оток комунисти превоспитуваа луѓе терајќи ги да кршат камења. Запад е многу помек и посвилен, таму праќаат на курсови кои човек треба сам да ги плати. Џордан Питерсон, клиничкиот психолог кој има 15 милиони следбеници на социјалните медиуми е осуден на обука за - пазете сега - „комуникација на социјални медиуми“.
Многу интересна е целата фертутма околу можното купување на Твитер од Илон Маск. Иако понуда чудесно галантна сума, милијарди долари поголема од актуелната вредност на компанијата, неговата понуда беше мазно одбиена од бордот на Твитер. Да не се работи за нешто друго?
Веќе пишавме дека на отстранувањето 70-тина епизоди на подкастот на Роган, претходеше објавување на едно педантно скоцкано видео од сите моменти кога во подкастот бил изречен зборот „нигер“ кој се доживува како расистички. Кој му го има склепано тоа видео? Некој обичен твитерџија кој не го поднесува Роган и неговата ќелаица? Работите не секогаш се така спонтани и наивни.
„Доста е, Канада. Отворете ја повторно земјата пред да скршиме нешто што нема да можеме да го поправиме“, порачува во колумна канадскиот клинички психолог Џордан Питерсон. Потсетува дека во животот не постои пат кој е без ризик и предупредува дека стравот во кој живеат, луѓето ги прави сè повеќе и повеќе авторитарни.
Откако не успеаја да го портретираат како екстремист, женомрзец и фашист, онаа врскава менажерија од разбудени љубители на кансел културата, до толку не го можат Питерсон што прибегнаа кон уште еден проверен сталинистички метод, да го направат луд.
Вработените во канадската издавачка куќа на Питерсон се расплакувале поради најавата дека од нивната фирма ќе излезе нова книга на човекот кој ги вознемирува со своите ставови. А штом возрасни луѓе ќе се расплачат, со загриженост настапува „комитетот за диверзитет и инклузија“. Социјалистичкото самоуправување не беше до волку фејк.
Последниве година-две, особено по излегувањето на неговата книга „12 правила за живот: противотров за хаосот“, не поминуваа ни неколку денови а да немаше нешто ново во врска со Питерсон - со кого се скарал, каде настапил, какво видео снимил. И одеднаш човекот го снема.
Никој не е пророк во своето село и тоа му се случува на денес веројатно најпознатиот Канаѓанин на светот, Џордан Питерсон. Кино по кино, дали арт или меинстрим, одбиваат да прикажат еден филм за него, или пак ги откажуваат веќе закажаните проекции. Главно, на невидено.
Ветувањето на Питерсон е дека на платформата секој ќе има слобода да каже што сака и нема да биде баниран (освен ако американскиот суд не го побара тоа).