На 23 јуни 2016 Скај њуз го започнува своето покривање на резултаите од гласањето во 22:00 точно во моментот на затворањето на гласачките места за референдумот за брегзит. Во првата минута ја објавуваат изјавата на Најџел Фараж, кој на изненадување на сите веднаш признава дека противничката кампања за останување во ЕУ најверојатно победила. Неколку минути подоцна идентично предвидување дава и првиот човек на угледниот ЈуГов. Како што се емитуваат изјавите така почнува да расте и вредноста на фунтата.
Претседателот на кампањата која одвои милиони Британци од ЕУ, Најџел Лосон, реши дека е крајно време да поднесе документи за добивање неограничен престој во ЕУ.
Армагедонот е на повидок. Борис Џонсон е тргнат кон бр. 10 и нема ништо неискрено, нерепутабилно па дури ни доволно скандалозно што тој може да направи што би ја спречило неговата партија да го избере. Тие ги знаат сите негови лаги, мрза и нарцизам, и пак не им е гајле.
Замената е откако Џонсон ја одбил поканата да учествува во дебата околу климатската катастрофа што се случува, а како што може да се очекува од скулптура сместена под телевизиски рефлектори, за време на целата дебата таа топеше.
Уште е рано ама и сега изгледа дека за идните историчари 2016 ќе биде почеток на нов циклус во меѓународната историја. Лошата вест е што овие циклуси во просек знаат да траат по 30 години.
Зборувајќи во Стразбур, Доналд Туск и порача на Британија дека брегзит се уште може да биде прекинат доколку британскиот народ го сменил расположението.
Моменталното расположение во делот од Британија што уште не може да го прежали брегзит е дека само човек треба да дозволи втор референдум и Британија останува во ЕУ. Ова не е многу различно од позицијата од која тргна Дејвид Камерон кога реши да им направи мерак на луѓето од својата партија и да организира референдум за напуштање на Унијата.
Тони Блер и неговиот Институт за глобални промени решија со онлајн анкета да покажат колку многу луѓе го поддржуваат нивниот став за останување на Велика Британија во ЕУ. Што сум прашуел глупости.
Во некој погоден дел кон крајот на летото, истрагата за исламофобијата на Борис Џонсон тивко ќе приврши со изјава како тоа неговите пишувања се неразумни и невкусни, меѓутоа дека и покрај тоа тој нема да биде избркан од партијата. Во тој момент, Борис ќе може да ја официјализира својата амбиција за главната позиција на бр. 10.