На кошаркарски натпревар меѓу младинските тимови на Чери Крик и Леџенд Блу во Колорадо, тројца судии на натпреварот во еден момент се степале и се удирале додека присутните на теренот не ги раздвоиле. Надлежните власти отвориле истрага за овој случај.
Како што ги гледало своите омилени јунаци од Тотенхем како се загреваат, така и он самиот се спрема пред да истрча на прекрасниот стадион каде Спарс го совладаа Њукасл со убедливи 4-1.
Европскиот шампион Манчестер Сити рутински со 3-0 го испраши швајцарски Јанг Бојс и заедно со РБ Лајпциг од оваа група обезбедија пласман понатаму. На мечот кој го реши Халанд со два гола, гостинскиот стопер од Гвинеја Мохамед Али Камара водеше битки со Норвежанецот а на полувреме му го побара дресот.
Дан Брн е комичар бр. 1 во англискиот фудбал. Како што на времето беше Питер Крауч кој владееше со царски типичен британски хумор, така сега тоа е високиот бек и стопер на Њукасл. Со 201 см висина и снажна конституција, Брн е карпа во последната линија на премиерлигашот. Дебитираше и во Лига на шампиони а му даде и гол на силниот ПСЖ во триумфот до 4:1.
Тазе шампионот од Синсинати, стаса во Њујорк каде на 28 август стартува УС Опен. Од секогаш го бивало за имитирање. Обрнете внимание колку јако го кине нервозниот Ник Кирјос. Цар.
Некогашниот 12-ти тенисер на свет и освојувач на Дејвис Куп, Виктор Троицки сега е тренер на најталентираниот српски тенисер од новата генерација Хамад Меѓедовиќ. За време на меч од 1. коло квалификации за УС Опен меѓу Меѓедовиќ и Борна Гоја, двајца гледачи постојано му дофрлале на Хамад на што реагирал Троицки па агресивните гледачи му се пуштиле пред редарите да ги исфрлат од гледалиштето.
Пусти Кристијано сака сите голови и награди да бидат негови. Постигна два во финалето на Африканскиот Куп на шампиони против Ал Хилал и со тоа го освои првиот трофеј откако е дојден во Ал Наср, а на крајот бараше објаснување зошто не е прогласен за најдобар на мечот. Признанието отиде во рацете на Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Го заменија во 78 минута на добиен меч при резултат Интер Мајами - Атланта Јунајтед 4:0. Потоа толку од интересот. Не бива фудбал без магнетот за публика.
Најдобриот англиски центарфор и капитен на репрезентацијата на Англија, деновиве чека екстремно голем трансфер вреден преку 100 милиони евра. За него најзаинтересирани се ПСЖ и Баерн Минхен и останува да се види каде ќе продолжи. Додека биде трансферот, тој во студио пробуваше крилца со разни лути сосови.
Најекстравагантниот НБА кошаркар на сите времиња, кој кога реши да се жени се облече и нашминка како невеста, има 62 години и изгледа уште го има оној немирен дух во себе. Ја истетовирал девојка му. Ама на образ.
Еден ден после прошталниот меч за Макси Родригез, се случи уште еден голем аргентински спектакл, овој пат за легендарниот Рикелме. Дуваше свеќи заедно со Меси, бидејќи и двајцата се родени на 24 јуни.
Го немаше скоро две години на натпреварите на Лос Анџелес Лејкерс и општо во јавност, па излегоа разни шпекулации дека не излегува од дома и дека е во депресија. Џек Николсон кој беше главен холивудски декор во прв ред за време на Шек и Коби, се врати на старо место на 86 години.
Како завршува регуларниот дел во НБА, така играчите имаат сè помалку живци едни кон други. По Руди Гобер кој го удри својот соиграч од Минесота Кајл Андерсон, се фатија и соиграчи од ЛА Клиперс. Мајсон Пламли и Бонус Хајленд покажаа дека не се трпат па исто се дофатија на еден тајм-аут.
Италија го загуби дербито од Англија во нашата квалификациска група за ЕП 2024 со 1:2. Мечот се играше во Неапол на стадионот Армандо Марадона. Извесна Елинора доста збунето ја испеа химната на Англија. Гостинските навивачите ја масакрираа на социјалните мрежи.
„Брадата“ промаши тројка во финишот против Мајами со која ќе и донесеше победа на Филаделфија која загуби 99:101. Но сепак мора да се издвои еден негов дуел еден на еден во кој го измести Виктор Оладипо. Коментаторот беше врвен: Полека бе Џејмс, па немој така, фамилија има човекот.
Прв пораз на тимот на Леброн Џејмс после пет Ол стар изданија. Испишана е нова историја благодарение на бекот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, кој мечот го заврши со 55 поени, најмногу до сега во историјата на Ол стар средбите.
Лејкерси успеаа да го совладаат Голден Стејт и без повредениот Леброн кој мораше да одмори после историскиот меч за НБА лигата. Хит број 1 од мечот е реакцијата на девојчето кога сфати кој седна до неа. До матура ќе го раскажува искуството. Следуваше интервју, па сликање.
Големите суперѕвезди Кевин Дурант и Расел Вестбрук пред истекот на прозорот кој овозможуваше промена на средината, потпишаа договори со нови клубови во НБА.
Денвер Нагетс го совлада Њу Орлеанс 122:113 и дополнително ја зацврсти позицијата пред плејофот. Јокиќ забележа нов трипл-дабл, дури 16-ти сезонава, а вкупно 92 во кариерата. Интересно, на сите 16 трипл-дабл учиноци на српскиот репрезентативец, Денвер Нагетс славел победа.
Лос Анџелес Лејкерс загубија дома во градското дерби од Лос Анџелес Клиперс со 115:133, но никој не зборува за поразот, туку за историските подвизи на неверојатниот Леброн Џејмс кој на 38 години ги поместува границите во НБА.