Ла Бомбоњера еруптираше во чест на Хуан Роман Рикелме

Еден ден после прошталниот меч за Макси Родригез, се случи уште еден голем аргентински спектакл, овој пат за легендарниот Рикелме. Дуваше свеќи заедно со Меси, бидејќи и двајцата се родени на 24 јуни.

Фештата од Розарио еден ден подоцна се префрли во Буенос Аирес каде навивачите на Бока Јуниорс направија спектакуларно шоу на прошталниот меч на Рикелме. 

Се пензионираше пред девет години како нивна клупска легенда и освои неколку трофеи, меѓу кои најважниот Копа Либертадорес и тоа три пати.

И на ова дружење се појави Лионел Меси кој беше пречекан со овации, како и Ди Марија и Паредез. 

Добија благодарници за освоената светска титула со Аргентина, а на терен извадија и торта во чест на Рикелме (45) и Меси (36) кои се родени во ист ден и викендов славеа роденден.

Аргентина дефинитивно живее за фудбал.

Аргентинска фешта со 12 гола, хет-трик на Меси и погодок на Батистута

 

26 јуни 2023 - 14:37