Македонскиот репрезентативец, како и против Аталанта, доби половина час против Реал Мадрид кој славеше дома со 4:2. Деби гол на 19 годишниот Нико Паз. На четири меча вечерва паднаа по 6 гола, а две средби завршија без голови. И по вечерашните средби од 5. коло во ЛШ останаа уште две слободни места за осминафинале. На Елмас во последно коло доволно му е реми дома со Брага за пласман во нокаут фаза.
Додека спикерот на стадионот пред мечот ги читаше составите, најгласни урлици имаше по изговореното име и презиме на бројот 6. Легендата Хари Мегваер не игра за Манчестер ама редовно и стандардно игра за Англија, нешто од што селекторот Саутгејт не отстапува.
Во рамки од 8-то коло, последно од квалификацискиот циклус, вечерва во Скопје пред 30.000 гледачи Македонија одигра одличен натпревар против големиот ривал, светската фудбалска велесила Англија. 1-0 на полувреме, 1-1 крај.
Македонската фудбалска репрезентација стои во редот на оние ретки селекции кои имаат позитивен учинок со повеќекратниот светски шампион Италија. Од таа причина Италијанците не се залетуваат многу со изјави пред вечерашниот мегдан на „Олимпико“ во Рим.
Со една сензационална победа, две нерешени и еден пораз Македонија има позитивен учинок против повеќекратниот светски шампион. Италијанската јавност и самата репрезентација се премногу внимателни кога зборуваат за овој меч.
Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.
Маестрален ноемвриски старт за македонските напаѓачи. По Елмас и Миовски, мрежата ја тресе и Александар Трајковски кој со својот прв гол за Хајдук, му носи победа на својот тим против Рудеш од 1:0.
Не можеше да посака поубав гол Елиф Елмас како прв за оваа сезона. Тргна сам со топка од средина на теренот, си поигра со својот чувар и лесно во свој стил го реши и него и голманот за конечни 0:2 за Наполи против Салернитана. Македонскиот репрезентативец влезе во 67-ма минута, а убавиот погодок го постигна во 82-ра минута.
Наполи и Милан одиграа фантастично дерби со 4 гола. Росонерите водеа 0-2 со два погодоци на ветеранот Оливие Жиру во 22’ и 31’ минута. Наполи се врати на 2-2 во вториот дел по евроголовите на Политано во 50’ и Распадори од слободен удар во 63-та минута. Елмас го одигра првиот дел кога беше заменет со стрелецот на голот Распадори.
Хари Мегваер и Андре Онана или во превод, најкритикуваните двајца сезонава на Олд Трафорд, му ја донесоа првата победа на Манчестер Јунајтед сезонава во ЛШ. Првиот даде гол против Копенхаген во 72-ра минута. Вториот одбрани пенал во 97-ма со една рака за делириум на трибините.
Наполитанците го совладаа Унион Берлин со голот на Распадори, а Елмас конечно доби поголема минутажа и го одигра цело второ полувреме. Гостински триумф забележаа и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Арсенал и Реал Сосиедад. Само Интер и Манчестер Јунајтед славеа како домаќини, а еден меч заврши без победник.
Македонија води со 2-0 против Ерменија во пријателскиот меч во Струмица. Елиф Елмас, очигледно желен за фудбал, одигра сјаен меч и е заслужен и за вториот гол на македонските фудбалери. Стрелец Милан Ристовски. Четврти негов гол за репрезентацијата.
Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен прв дел на пријателскиот меч со Ерменија во Струмица и заслужено води на полувреме со 1:0. Александар Трајковски даде убав гол во самиот финиш од првиот дел во 43’ минута.
На прекрасната „Епет Арена“ во Прага, попладнево пред повеќе од 20.000 гледачи, македонската фудбалска репрезентација не ги искористи бројните шанси и на крајот загуби 2:0 од Украина која се одвои на табелата.
„Приметив дека сега нашите трансфери ги рачунаат пута 14. И на Марадона и мојот итн. Баш излезе сега по новините дека мојот трансфер денеска би бил околу 180 милиони евра, рачунајќи го тој коефициент. Секако мојот трансфер беше меѓу трите најголеми во светот од 92-та до 97-ма“.
Како предигра на евроквалификациите кои стартуваат вечерва, а нашите играат во сабота против Украина, младите растураат со евроголови. Го видовме Елмас против Полска, а сега да го видиме 18 годишниот Јован Мијатовиќ против Италија, на пријателска која ја реши во финишот и која заврши со голеада.
Македонија У-19 го почна квалификацискиот турнир за ЕП на фантастичен начин, со триумф над домаќинот Полска од 0:2. Погледнете ја мајсторијата на 17 годишниот Елмас кој игра за Гостивар. Како стојат работиве, изгледа ќе гледаме во иднина двајца братучеди во репрезентација.
Елиф Елмас влезе во 70-та минута, но не успеа да му помогне на Наполи против моќниот Реал Мадрид кој ја доби големата и жестока битка со 2:3. Ноќ на изненадувања во 2. коло од ЛШ. Галатасарај славеше на Олд Трафорд, Ленс против Арсенал, а Брага направи голем пресврт во Берлин и успеа да го добие Унион со гол во 94-та минута после негатива од 2:0.
Актуелниот шампион на Италија не бележи баш убедлив старт како лани и по 5 кола има само две победи. Со Болоња на гости одигра без голови и откако Руди Гарсија ги извади крилните напаѓачи Кварацхелија и Распадори за да освежи со Елмас и Политано, направи измена Осимен-Симеоне. Нигериецот се налути и му гестикулираше дека треба во финишот да гризат со двајца истурени напаѓачи.
Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед одиграа натпревар со дури 7 гола, Баварците славеа заслужено 4:3 и освоија три бода. Првиот погодок на мечот кој беше дело на Лирој Сане е поради вина на Камерунецот Андре Онана кој на стартот на сезоната направи неколку сериозни кикса. За волја на вистината и сам синоќа призна дека изгубиле во најголема мера поради него.
Бразилецот беше двоен стрелец на Алијанц арената на гостувањето на Манчестер Јунајтед кој замина со пораз од 4:3. Еден од двата гола го постигна откако падна на земја сам од топката, а можеше и да се повреди.