Користењето емотикони, за кои со симпатии пишувавме претходно (види овде), требаше да нè спаси од вербалните недоразбирања и двосмислености. Тоа требаше да биде јазик кој ги надминува културните разлики и овозможува универзална разбирачка. Ама...
Во 50-те се основа сметководствената фирма Артур Андерсен. Еден од поголемите проекти што ги добива е инсталирање на компјутер за Генерал Електрик кој ќе служи за автоматизирање на наплатата. Во 89-та, консултантскиот сектор се одделува како Андерсен Консалтинг. Денес се Аксентур, имаат над 370.000 вработени во над 55 држави и никој не може да им го фати крајот.
Македонски Телеком воведе нови Smart тарифни модели во постпејд кои нудат неограничени разговори и СМС пораки и супер брз мобилен интерент со 4G пристап.
Разговорот е со околу 60 тинејџери на возраст меѓу 13 и 19 години, темата претежно се однесува на нивните дигитални навики, поп култура и нешто политика. Вака стојат работите со нив околу 2016-та.
40.000 деца од Конго, некои од нив и со само седум години, аргатуваат во рудниците низ земјата вадејќи кобалт кој завршува во смартфоните на некои посреќни деца и возрасни од други делови на планетава.
Петокот вечерта шест локации во Париз беа мета на терористички напад: вооружени напаѓачи пукаа на публиката на рок концерт и на гости во ресторан; а неколку бомби беа детонирани во близина на Стад Де Франс каде што играа Франција и Германија. Оланд соопшти дека нападот е дело на џихадисти на ИСИС. Неколку часа подоцна ИСИС ја презема одговорноста.
На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т- Мобиле и Samsung приредуваат несекојдневно изнанадување за своите корисници на 19 април, недела, на вториот спрат во City Mall во Скопје од 12:00 до 15:00 часот.
- Телефоните во претпродажба можат да се купат само онлајн до 17 април- Со онлајн нарачката, корисниците добиваат попуст на телефоните од 10 отсто, три месеци без месечна претплата, како и безжичен полнач.
Во трета сезона Клер обично шета со Ајфон, Реми Дентон е во Бјуик, Френк секогаш носи часовник на IWC. Вкупно, во годинешнава сезона од серијата се појавија 105 брендови.
По светската премиера во Барселона во февруари годинава, паметниот телефон што ги урна рекордите на резервација со бројка од повеќе од 20 милиони нарачки, пристигнува во Македонија, единствено достапен за резервација во Vip. Што претстави Samsung во Барселона.
Како човек што никогаш немал шанса да се бори со Стокец, Рено 4 или Лада Рива, авторот раскажува за неговите искуства од возење Ленд Ровер Дефендер. И покрај сите борби, тој се разочарал кога Ленд Ровер објавил дека повеќе нема да произведува Дефендери, најмногу затоа што решиле да го менуваат за нешто што е полесно за користење.
Новиот миленик од Samsung, Galaxy Note Edge, ексклузивно достапен во салоните на Vip. Запознајте го светскиот предводник во врвниот изглед и супериорните карактеристики, кој ги предизвика досегашните правила во дизајнот на смарт-телефони и ги промени правилата на нивната употреба.
Шел од Самсунг (да прават и бродови) го нарача најголемиот брод во историјата на човештвото, се вика Прелуд, долг е 488 метри (подолг од 4 фудбалски стадиони) и има волумен колку 6-те најголеми носачи на авиони во светот заедно. Им треба за природен гас.
Откако неколку години флертуваше со други производители (Тајван Семикондуктор Мануфактуринг), годинава Епл легна на брашното и потпиша договор според кој од 2016-та Самсунг ќе ги произведува чиповите за сите идни Ајфони и Ајпади. До сега Самсунг сериозно крвавеше заради заминувањето на Епл.
Денот на самците е нешто како анти-Валентајн празник кој во Кина се слави последниве две децении. На овој ден, само една компанија, Алибаба, ќе има поголема продажба отколку што во САД на Црниот петок и на Сајбер понеделникот заедно ќе биде продадено преку интернет.