Не постои играч кој не би посакал да ја осети радоста на постигнување гол на дерби како Ел Класико. На Франк Кеси тоа му успеа годинава на 19 март и тоа во 92-ра минута при резултат 1:1. Си замина од Барса со гол за победа над Реал, титула во Ла Лига и Супер Куп на Шпанија. Се поздрави со навивачите преку Инстаграм, токму со тој посебен момент.
34 поени, 13 скока и 14 асистенции содржи новиот трипл дабл на Лука Дончиќ на подготвителниот меч пред Светското кој Словенија го доби против Црна Гора со 104:100. Погледнете ја оваа негова самодоверба и дрскост.
Брага го доби српскиот претставник во третото квалификациско коло од ЛШ со 3:0, кој ако не успее да направи чудо на реваншот ќе игра групна фаза во Конференциска лига. Капитенот на Бачка Топола, Немања Петровиќ во еден момент без раце беше подобар од голманот.
Англичаните почнаа со фудбал со натпреварите од Карабао Купот во кој се играа натпреварите од првото коло. Свонси го елиминираше Нортемптон со 3:0. 26 годишниот Џош Гинели веќе го има голот на сезоната.
Хичкок сакаше негативци и еве го сега него како еден од нив, во „Master of Suspense“, краток филм направен од неговите камео појавување во филмовите. Земени се извадоци и сцени од 30 негови филмови и трејлери, на музика од Бернард Херман, композиторот на Психо, Вртоглавица, Север- северозапад.... Мешап ноар на Фабрис Матју.
Налетавме на занимлива топ листа со најголеми трошаџии во фудбалот во изминативе 10 години. Арсенал испазарил играчи во вредност од милијарда евра и пак не може да освои титула. За Тотенхем да не зборуваме.
Грчката и регионална јавност утрово се разбуди во шок по веста за убиство на 29-годишник од Атина каде синоќа околу 200 здружени навивачи на Динамо Загреб и Панатинаикос упаднале кај стадионот на АЕК со кого хрватскиот шампион игра квалификации за Лига на шампиони.
Првиот трофеј во новата сезона доаѓа на адреса на Арсенал откако „топџиите“ го победија Манчестер Сити на пенали. Прво поведе шампионот со прекрасен гол на младиот Палмер, но израмни Тросар буквално во последните секунди од мечот, во 101-та минута.
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон кој има еден куп трофеи во кариерата, со интересна фраза од цртан филм соопшти дека ја завршува својата играчка кариера.
Кристофер Пламер немаше морален проблем да го замени Кевин Спејси во веќе снимен филм со него, кога овој беше обвинет за сексуално навалување. Може да нагаѓаме дали ќе беше слично и доколку, во некои други времиња и околности, Спејси беше обвинет дека е Евреј, комунист или кулак.
Со оваа форма која ја држи и на 35 години, привилегија е да се има играч во тим како Карим Бензема. Погледне ја оваа снаодливост во шеснаесетник и чувство за гол, вреден победа за Ал Итихад против Сфаксиен од Тунис во арапскиот Куп.
Атлетико Мадрид и Манчестер Сити се сретнаа на пријателски дуел во Сеул како дел од азиската турнеја. Тимот на Симеоне славеше 2:1. Мемфис Депај и Јаник Фереира Караско го разубавија мечот со погодоци од индентична позиција.
Стартуваше второлигашкиот фудбал во Германија, додека прволигашкиот почнува на 18 август. Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу го одигра првиот меч за Падерборн, кој воопшто не му се посреќи. Загубија 5:0 од Гројтер Фурт, а тој доби црвен по само 8 минути игра. Грубиот старт судијата го прегледа на ВАР снимка.
Шкупи вечерва ја пречекува Левски Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Замерките на гостите за нашиот најголем и најубав стадион им се на место.