Со присуство на тренерот на екипата Руди Гарсија и неколку играчи, стотина тифози на шампионот Наполи дојдоа пред легендарниот мурал на Диего Марадона на плоштадот Сан Џовани каде го одбележале датумот на неговото раѓање 30. октомври.
Осумкратниот освојувач на Златната топка не може да дише од луѓе. Освен личниот телохранител, овде не се знае уште колку се обезбедување за да стигне читав до комбето.
Најдобриот светски тенисер на денешницата деновиве ужива во прекрасниот Париз каде го чека турнир од серијата 1000. Новак доби специјална покана и за свечената церемонија на Франс Фудбал каде ја прогласи најдобрата женска фудбалерка за минатата година, а гостувал и на еден француски канал.
Во купот видеа направени од пристигнувањата на ѕвездите на свечената церемонија во Париз, на доделувањето на Златната топка, пазете го пречекот на фановите за Мбапе, Бекам и Ѓоковиќ, а потоа за Стоичков. Пусти Христо ниту некој му довикна, ни фотка, ни автограм. А Златна топка има освоено.
Во Турција има прволигаш со помал стадион од многу наши. Комшии се собираа кај тие со најубав поглед за да ги гледаат гага Един Џеко, Душан Тадиќ, Фред и другарите.
Далас Маверикс, Денвер Нагетс и Бостон Селтикс се единствени непоразени тимови на стартот од новата НБА сезона. Лука Дончиќ со своите Мавс синоќа со 125-110 го урна Мемфис Гризлис кој има катастрофални 0-4, а Денвер Нагетс ја совладаа Јута Џез 110-102.
Лионел Меси е изборот на Франс Фудбал за најдобар фудбалер за 2023-та. Има осум Златни топки со кои води убедливо пред Роналдо со пет. Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен останаа на три.
Разликата е неспоредлива. Да почнеш со 13 голови на првите 13 меча во еден Реал Мадрид, на само 20 години и да решаваш натпревари како Ел Класико, тогаш јасно е дека се работи за посебна приказна. Младиот Џуд почна да ја испишува импресивно и да се наметнува како сериозен играч кој ќе граби по трофеи и награди.
Јонел Парву е поранешен романски репрезентативец кој со Стеауа Букурешт дури четири пати бил шампион на Романија. Сега е тренер/играч во третолигашот СР Брашов. На мечот против Черноморец тој решил да заигра од почеток со капитенска лента и постигнал еврогол. Уште појака е и прославата на голот со колут напред.
Aко вашиот лекар ви каже дека причината е непозната, дека не може да се излечи и дека може само да ви препише лекови за намалување на симптомите, побарајте друг лекар. Телото е најдобриот лекар и ви треба лекар кој го разбира тоа. На телото треба да му се даде шанса.
Греат тротоари и капаци од веце шољи, во возовите имаат кади да си киснеш петици, доцнењето на нивните возови се мери во секунди (кај нас им се гледа на календар), во школите немаат хигиеничар(к)и туку децата сами одржуваат чисто, на работа можеш да дремнеш бидејќи тоа е знак колку си бил посветен и вреден.... И за да го маскираат своето вонземско потекло, сакаат безбол и фудбал.
Голден Стејт Вориорс ја запиша и втората победа од почеток на новата сезона во НБА. Воините го совладаа Хјустон Рокетс 105:96 а Стеф Кари издоминира со 24 поени, 7 скока и 6 асистенции. И со еден дриблинг врз најнезгодниот дефанзивец во лигата кој важи и за многу иритантен за ривалите.
30.000 или 40.000 свирчиња им беа доделени на навивачите на Интер пред мечот со Рома, наменети за пречек за Ромелу Лукаку. Да кажуваш дека го сакаш Интер, а во меѓувреме тајно да преговараш со Јуве и на крај да завршиш во Рома, едноставно не поминува кај Интеристите кои славеа 1:0. Уши му дупнаа при секој допир со топка.
Наполи и Милан одиграа фантастично дерби со 4 гола. Росонерите водеа 0-2 со два погодоци на ветеранот Оливие Жиру во 22’ и 31’ минута. Наполи се врати на 2-2 во вториот дел по евроголовите на Политано во 50’ и Распадори од слободен удар во 63-та минута. Елмас го одигра првиот дел кога беше заменет со стрелецот на голот Распадори.
Шампионот Денвер има 3 од 3 во новата сезона. Овој пат славеа над Оклахома, убедливо со 128:95. 28 поени, 14 скока и 5 асистенции за Јокиќ, како и еден нокаут.
Викендов светскиот фудбал го потресе веста за киднапирање на родителите на Луис Диаз, колумбискиот репрезентативец и член на Ливерпул. Последна вест од Јужна Америка е дека мајка му била спасена и евакуирана, а за татко му се претпоставува дека е уште во заложништво, во Венецуела.
Ердоган е еден од најгласните светски лидери во поддршка на Палестинците и осуда на Израел. И на говори и на дело. За да покаже дека и Турците се со него, свика митинг во Истанбул.
11 члена македонска експедиција викендов го искачи Ајланд Пик на Хималаите, висок 6.189 метри. Дел од екипата се струмичанецот Благој Ѓузелов, велешанецот Тодорче Ѓоргиев, битолчанецот Горан Дамевски. Честитки до сите, посебно до Богољуб Петрoски - Боге од Скопје, познат на редакцијата.
Во Серија А изминатиов викенд се одиграа дерби дуелите Интер - Рома (1:0) и Наполи - Милан (2:2), но спектакл режираа фудбалерите на Каљари и Фрозиноне.
„Не знам што направив, само видов дека останаа уште 2-3 секунди и си реков дека мора да завршувам. Веројатно ова е најтешкиот шут кој сум го погодил во кариерата“, изјави Дончиќ, кој со овие поени практично го реши Бруклин во последната минута.
Уште не почната сезоната во НБА, генијалецот од Сомбор почна да прави будалаштини. Прво трипл дабл против Лејкерски, а синоќа 22 поени, 12 скока и 7 асистенции за втор триумф, овој над Мемфис на гости од 108:104. Погледнете што чудесија од пас изведе на 30 секунди до крај и тоа за цепелин до Гордон. Американците побудалеа од воодушевување.