Јавниот обвинител во Колмбија, Франциско Барбоса, соопштил дека таткото на фудбалерот, Луис Мануел Диаз најверојатно киднаперите го однеле од Колумбија во Венецуела.
„Имаме информација дека е во Венецуела. Ако е навистина таму во Венецуела, должни сме да побараме од претседателот на Колумбија Густаво Петро помош да го ослободиме таткото на Луис Дуиз“.
Новинарката на Ревиста Семана, Вики Давиља меѓу првите ја објавила веста дека во својот дом во колумбискиот град Баранкас биле киднапирани родителите на Луис Диаз.
Мажи со моторицикли и автомобили ги киднапирале мајката и таткото на фудбалерот на Ливерпул. Полицијата набрзо нашла едно возило додека траела спасителната операција за ослободување. Мајка му на Луис, Силенис Маруланда ја пронашле.
„Мајка му е тука, здрава, потресена е но е добро. Татко му го однеле на моторцикл. Го извлекле од автомобил и со моторцикли го возеле по козји патеки во ова подрачје“, рекол извор близок до истрагата.
„Бараме од киднаперите на Луис Мануел Диаз, таткото на Луис Диаз да го ослободат веднаш без никакви услови! Фудбалот е цел свет! Луис со тебе сме, Колумбија е со вас!“, напишале од фудбалската федерација на Колумбија.
Диаз требаше да биде стартер на мечот Ливерпул - Нотингем Форест (3:0) но него апсолутно не му било до фудбал. Јирген Клоп изјавил дека ситуацијата е тешка за сите во клубот.
Стрелецот на првиот гол, Португалецот Диого Жота во знак на солидарност и поддршка на Колумбиецот го прослави погодокот со кренат дрес на Луис Диаз. „Очигледно моравме да направиме доцни промени поради ситуацијата со Луис Диаз. Тоа е многу загрижувачка ситуација за сите нас и ова беше прилично тешка вечер. Ова никогаш претходно не ми се случило, ова е ново искуство кое никогаш не ми требаше“, рекол Клоп.