Конечно заврши и најдосадната трансфер сапуница во историјата на фудбалот. По две години селење во сите можни големи клубови во Европа, детето кое заради војната во Хрватска неколку години живеело во хотел за бегалци и тренирало со дрвени костобрани, потпиша за Реал Мадрид и стана најплатен хрватски фудбалер во историјата.
Емигрантите од Гана, Томас и Роуз Барвуа во 1990-та година го прославија раѓањето на својот син Марио, но 22 години подоцна кога тој стана најголема ѕвезда во Италија, своите голови ги посвети на неговата бела мајка Силвија Балотели. Еве ја приказната за новиот италијански херој.
Поранешните фудбалски ѕвезди Дејвид Симан, Грем Ле Со, Реј Парлор, Мартин Кион, Брајан МекБрајд и Клаудио Каниџа предводени од легендарниот тренер Тери Венејблс повторно се активираа и ќе настапуваат за фудбалскиот клуб Вембли во англиската деветта лига.
Од Петровец до Аеродром ми текнува на сите имиња што сум ги заборавила, на сите згради што ги немало, на сите кафичи, на сите улици кои бледо ми стојат во сеќавањата. И штом слезам од авион, мирисот. Прекрасниот мирис на дома.
Италијанецот чија кариера како фудбалер беше проследена со многу контроверзии, продолжи со скандалите и на почетокот на тренерската кариера, но по една година стана легенда на Свиндон, предводејќи го малиот фудбалски клуб до третата по ранг лига во Англија.
Иван Тричковски и неговиот тим АПОЕЛ ја изненадија Европа со пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампиони, но изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека успеаја тоа да го сторат со буџет од само 10 милиони евра.
Тони Блум е блиску до остварување на својот сон да има свој сопствен клуб во англиската Премиер лига. Тој тоа ќе го оствари со пари заработени од покер и обложувалници.