Најмалку 9 од најголемите и најбогати држави на светот речиси синхронизирано го запреа финансирањето на УНРВА откако беше откриено дека вработени на агенцијата на Обединетите нации учествувале во нападот на Израел од 7 октомври.
Нов извештај на американски тинк-тенк наведува јасни докази дека високите корпоративни профити се главен двигател на тековната инфлација во САД. Компаниите продолжуваат да ги одржуваат цените високи дури и кога нивните инфлациски трошоци се намалуваат. Како и кај нас, колку и да се намалиле некои влезни трошоци, фирмите не се откажуваат од ќарот на кој навикнаа.
Транзицијата кон обновливи извори на енергија е од централно значење за иднина со ниска потрошувачка на јаглерод., но, тоа не оди без негативни еколошки страни. За дивиот свет, од птици до цицачи, ветерниците се она што варварите беа за старите Римјани. Притоа, директната смрт од ротирачките перки е само дел од приказната.