Наум Паноски, обвинител од Охрид, од пред Нова година дел од Републичкото обвинителство.
Кога е мек како памук: Се согласил на условна осуда за Ерсен Сали поранешниот фудбалер од бандата на Беким Незири што упадна во М-НАВ. Иако Сали бил осуден на една година затвор за тешки дела против безбедноста, сепак Паноски се согласил на условна осуда.
Сали заедно со брат му и уште неколкумина пукале во деловен простор, а при претресите било пронајдено и автоматско оружје, но тоа не било доволно обвинителството да инсистира на затворска казна. Доколку системот на потфрлил пред две години, фудбалерот Сали веќе ќе беше зад решетки.
Кога е тврд како орев: Дури и да нема доволно докази, може да ги најде, сведочи Христовски, осуден за 27 април на 13 години затвор, кој одбил да лаже.
На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна.
Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка.
Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.