Елмас, Столе, Дориев, Зајков, Чурлинов заборавија дека македонските навивачи потрошија пари, време и нерви за да ги бодрат на лице место во Копенхаген и први го напуштија теренот, без да потрошат ниту минута од своето време за нив. Капитенот капитенски реагираше и успеа да врати, барем дел од тие кои киднаа во тунелот.
Дваесет и девет годишниот голман на Наполи, соиграч на Елмас, Србинот Вања Милинковиќ-Савиќ сезонава ги импресионираше сите со своите лудачки пенали кои ги шутираше во Купот на Италија, а сега изненадува и со атрактивни забивања.
Во 76' минута од натпреварот меѓу Ливерпул и Галатасарај кој заврши 4-0, на „Енфилд Роуд“, холандскиот репрезентативец и довчерашен соиграч на Елиф Елмас во Наполи, Ноа Ланг спонтано се фатил за една светлечка реклама зад едниот гол. Се испоставило дека толку тешко го фатил и повредил прстот што долго време лежеше, се собраа сите присутни лекари, го изнесоа со носилки и му ставиле кислородна боца. Сега БиБиСи пишува дека имал операција и дека му ампутирале дел од повредениот прст.
Само ден после написите дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за него, налетавме на топ видео од Елиф Елмас, со голови, асистенции и врвни дриблинзи во дресот на Наполи и македонската репрезентација. На Јутјуб каналот „Menino X“ го претставиле со дрес на премиерлигашот.
Силни зборови на Антонио Конте за Елиф Елмас после победата на Наполи против Торино од 2:1, меч на кој нашиот репрезентативец го одигра 18-от меч по ред како стартер и на кој го постигна деби голот сезонава.
Конечно Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец веќе подолго време игра стандардно за Наполи кај тренерот Конте, а синоќа на дуелот против Торино конечно го скрши мразот и даде гол, прв сезонава по враќањето во Наполи. Во 25. коло од Серија А Елмас постигна погодок во 68' минута за 2-0. До крајот гостите го намалија резултатот на 2-1.
Наполи одигра 2:2 против Рома на гости во 25. коло од Серија А и е трет на табела на -11 од лидерот Интер. Елмас се изнаигра во прв тим сезонава. Не му оди со голови, ама му тргна со асистенции. Ова е само едноставно додавање, ама му се брои во статистика.
Наполи е елиминиран во четвртиналето од Купот на Италија од Комо, кој оди во полуфинале после 40 години. Мечот заврши 1:1 во регуларниот дел, 8:7 на пенали откако Лукаку го утна цел гол, а Лоботка го промаши последниот пенал. Елиф Елмас го одигра цел натпревар и изведе перфекција од 11 метри, а Вања Милинковиќ Савиќ ги изнасмеа сите со ударот.
Бјанконерите го размонтираа шампионот Наполи, со апсолутна контрола на ситуацијата на теренот Јувентус славеше со головите на Жонатан Дејвид, Кенан Јилдиз и евроголот на Филип Костиќ во 86' минута. Елиф Елмас играше до 70' минута кога беше заменет со новото засилување за Наполи од Верона, Бразилецот Џоване.
Елиф Елмас одново беше статер за Наполи, 12-ти пат по ред, на гости против Копенхаген во Лигата на шампионите. Домаќините во 35 минута добија црвен, но успеаа да останат непоразени со гол во 72-ра минута за 1:1. Наполитанците отворија во 39 минута со голот на Мектоминеј, повторно на асистенција на македонскиот репрезентативец.
Изненадувачки резултати во 7. коло од ЛШ. Спортинг го доби ПСЖ со гол во 90-та минута. Баер Леверкузен загуби од Олимпијакос, Тотенхем ја доби Борусија, а Бодо Глимт слави прва победа и тоа со три парчиња против Манчестер Сити. Елмас одигра 80 минути во Данска, а дербито на вечерта во Милано му припадна на Арсенал, кој е перфектен со 7 од 7.
Интер и Наполи одиграа 2:2 во 19. коло од Серија А, со што разликата меѓу нив останува 4 бода. Скот Мектоминеј на два пати го израмни резултатот. Првиот пат после убава акција и асистенција на Елиф Елмас, прва негова сезонава. Македонскиот репрезентативец од 3 декември игра 10 меча по ред како стартер на сите натпреварувања.
Со парола C'mon Guys тифозите на римски Лацио на дербито со Наполи (0:2) кренаа прекрасна кореографија на навивач кој држи шал. При секое кревање консеквентно скандираа песни.
Наполи го доби Лацио на гости со 0:2 и го одржува чекорот на -1 од Милан и -2 од лидерот Интер. Елиф Елмас никако да ја начне мрежата сезонава после 14 настапи во Серија А. Во хајлајтсот се издвоени две негови чисти шанси со глава.
Волејот на Џани против Белгија, велеслаломот на Елмас против Лихтенштајн, бомбата на Барди против Казахстан и ножичките на Трајковски против Саудиска Арабија. Од убаво поубаво.
Наполитанците направија рекапитулација на голчишта за 2022-ра и во топ 5 ги ставија Грузиецот Кварацхелија, Аргентинецот Симеоне, Нигериецот Осимен, Пољакот Зјелински и Македонецот Елмас. Имаат прашање до фановите: Кој е најубав за оваа година?
Додека во Катар се игра Светско, клубовите мора да бидат во добра кондиција за новите предизвици во јануари. Наполитанците се на подготовки во Анталија со играчите кои не се ангажирани за репрезентација.
Стигнавме до станицата „Ц“ - група во која ќе игра најдобриот фудбалер на денешницата. Ќе биде интересно да се види како „гаучосите“ ќе се справат со Полска на Левандовски, со непознатата Саудиска Арабија и со секогаш незгодниот Мексико.
Елиф Елмас сезонава покажа голема професионалност и трпеливост на клупата за резервни играчи. Доби три шанси како стартер во Серија А и на сите три одговори со гол.
Откако Елиф Елмас и Илија Несторовски со голови и асистенции го збогатија мечот Наполи - Удинезе (3:2), вечерва им се придружи и Бојан Миовски со нов гол за Абердин. Центарфорот стрелаше од пенал во 37' минута за нови три бода со кои неговиот тим е трет зад неприкосновените Селтик и Ренџерс.
Мечот Наполи - Удинезе од 15. коло во Серија А, мина со македонски шмек. Елмас ги одигра сите 90 минути и блесна со мајсторски и гол и асистенција. Но и покрај водството од 3:0, Наполитанците не беа комотни до крај бидејќи џокерот Илија Несторовски и 20 годишниот Лазар Самарџиќ, за 3 минути дадоа два гола во 79-та и 82-ра минута за конечни 3:2. Ова е прв гол за Нестор сезонава во Серија А.