Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.
Македонскиот репрезентативен фудбал денеска одбележува 30 години од своето добро познато деби во Крањ. Ќе се потсетиме на незаборавната победа, ама да ѕирнеме и некоја фотографија од тие времиња, како и од досегашните одбележувања на тој историски датум.
Еурофарм Пелистер не застана зад своите навивачи после инцидентите на дербито во Скопје, туку напротив ги осуди со остар речник. Чкембари им одговорија со бојкот.
Лошо почна најголемото македонското ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во кое за среќа немаше повредени, ама и покрај хаосот забележани се фини примери како дел од навивачкиот кодекс, кои не ги прави секој.
Опасно беше синоќа од трибини да се гледа пресметката меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, бидејќи гостите гаѓаа во публика со факели. Се појави видео на кое се гледаат Чкембари кои како ураган влетуваат во својот сектор и веднаш почнуваат да дивејат. За сега нема информации за евентуални повредени.
Дербито од Суперлигата меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е во прекин во првото полувреме при резултат 13:10 за домаќините. Кога Чкембари влегоа во сала почнаа да фрлаат факели кон публиката. Комити испровоцирани влетаа на терен и почнаа да им враќаат и да ги гаѓаат со разни предмети.
Навивачите на Вардар следната недела имаат јубилеен роденден кој ќе го прослават за време на македонско босанска пријателска пресметка. Ривалите се пофалија со нивниот транспарент.
„Istorija ex yu fudbala“ е доста популарна Фејсбук страница која одлично го негува драгоценото богатство на југословенскиот фудбал и држи страшно добра архива. Денеска сме во центарот на вниманието.