Вице Заев бил континуирано косопственик во оваа фирма од 2010 година, за да ја отуѓи истата со неисплатен долг кон Еуростандард банка само неколку месеци откако банката се затвори минатата година. Земени пари за да не се вратат.
Како тоа раководството на Еуростандард банка дозволило да се избрише оваа фирма без да се регулира долгот повеќе од две години ниту пак банката да одвои 100 отсто парична резерва? Фирмата која добила кредит со обична меница, сега веќе е избришана. Наши пари дадени на вересија со цел да не се вратат.
Власта во Велика Британија отвори случај за премиерот Борис Џонсон, кој се сомничи за потрошени 200.000 фунти од неговата Конзервативна партија за реновирање на неговиот стан во Лондон, а власта во Македонија молчи за случаи како овој со Павлина Црвенковска со 7 пати поголема финансиска тежина, со нејзиното едногласно именување за претседател на Судскиот совет, највисокиот орган којшто ја контролира судската власт во земјата.
Фирмата била презадолжена. Во 2019 година, фирмата имала 44 пати повеќе долгови од капиталот и резервите, или 660 илјади евра долгови према 15 илјади евра капитал. Како раководството на банката доделило вака голем кредит на презадолжена фирма само врз основа на обична меница!?
Фирмите почнаа да зборуваат. До нашето Здружение дојдоа исповеди од сопственици на фирми должници во Еуростандард банка кои сведочат како е организиран и направен криминалот во банката.
Од билансите на фирмата може да се увиди дека таа во годината кога е земен кредитот има долгови од близу 14.000.000 евра додека капиталот на фирмата е 4 пати помал, што значи фирмата била презадолжена за да добие кредит. Како и врз основа на што е даден милионски кредит во евра на оваа презадолжена фирма?
Вакви и слични случаи во ограбената Еуростандард банка има многу. Интересни имиња, некои познати ликови, шоумени, бизнисмени, аналитичари, адвокати, браќа и сестри на високи функционери во државава, разни манипулатори и измамници. Имаме што да кажеме и да покажеме.
Како е можно ваков криминал да помине незабележано со години? На основа на кои документи и анализи раководството од ограбената банка одобрило кредити во вкупна вредност од над 900 илјади евра на овие две високоризични и презадолжени фирми од еден ист сопственик, со континуирани загуби и многукратно големи долгови!?
Овој случај е уште еден чист криминал во редот на 149 фирми приматели на ненаплатливи или тешко наплатливи кредити преку кои се украдени околу 55 милиони евра од депозитите во Еуростандард банка. Кражбата е евидентна.
Дали сите приватни изгорени и оштетени објекти во државава ќе добијат финансиска помош од државните институции за секој настанат пожар којшто ќе предизвика штета?