26 годишниот Дмитро Горига е новото име на РК Вардар за следната сезона, кој ќе игра на позицијата лев бек. Пристигнува од Катар, а има играно и во Франција, Полска и Украина. Погледнете ја оваа бомба со моќен удар против Хрватска на Европското 2022.
Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.
Покрај тоа што го заврши мечот како прв стрелец со 6 гола, исто колку што даде Нејц Цехте од Еурофарм, Косуке Јасухира се истакна и со две феноменални асистенции кои се издвоија на мечот и тоа и двете до Милан Лазаревски. Инаку Вардарци го добија дербито против битолчани со 24:20 и математички останаа во игра за титулата.
Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.
Полуфиналето меѓу Франција и Шведска, кое Французите го решија во продолженија после слободен удар по истекот на 60-те минути е вистинска реткост во ракометот. Таков финиш се памети и на дербито меѓу Пелистер и Вардар на 11 октомври 2006-та. Проектилот го постигна Дејан Пецаковски, за победа и делириум во салата Младост.
Тогаш ја имаше функцијата на помошник тренер, а четири години подоцна добива поголема одговорност, а тоа е да го води двократниот првак на Европа. Незаборавното шампионско селфи на Давид Дејвис за време на вардаровата ерупција на плоштад, на 6 јуни 2017-та.
Вардар бележи втор пораз по ред во Лига на шампиони. По мечот против Монпелје во Скопје, црвено црните загубија и на гостувањето кај ланскиот финалист Алборг со 33:29. Вујовиќ ги загуби нервите поради млаката одбрана и лесните продори на Палмарсон, а потоа се сврте накај Њокас: Ок ли сте? Ова не е ракомет.
Чуварот број 1 на македонската ракометна репрезентација брани во животна форма. Само неколку дена откако влезе како џокер против Фленсбург и блесна, одново беше главна фигура на Порто за кој блесна со 16 интервенции.
За да не ги помешате, бидејќи се близнаци, овој пат проектили во Јане пукаше Оливие, кој го носи дресот со број 6, а брат му Кевин е 10-ка и со Мешков експлодираше со 8 од 8. Со залет, од место, со скок пук, без скок. Браќања се спектакл за гледање.
Цврсти на гол, борбени во одбрана, самоуверени и паметни во напад и пред сè мотивирани. Вардарци го имаат рецептот за нови радости во Лига на шампиони, а по Мешков Брест, му покажаа кој е газда во Јане Сандански и на Алборг. Уживајте во најинтересни моменти од триумфот над данскиот противник (30:28).
Едвај две недели има откако направи трансфер од Металург во Вардар, а веќе ги воодушеви навивачите и со вакви гестови им станува миленик. Њокас блесна против Мешков Брест со 8 од 8, а вечерва во дербито против Пелистер навиваше и скокаше од трибина како прав навивач.
Мартин Томовски е прв голман, а Али Сафар од Кувајт е резервен во Вардар. Има 27 години а ова за него е прво европско искуство во кариерата. Висок е речиси два метри (1.99 см, тежи 106 килограми). Професионалната кариера ја почнал во 2014 во Алсалмиј а во 2019 доаѓа во Кувајт. Го викаат „пајак“ зошто брани маестрално.
РК Вардар ја врати публиката и насмевките во сала, откако славеше убедлива и сигурна победа против Мешков Брест во Лига на шампиони. Францускиот ветеран Кевин Њокас ја запали вардаровата армија.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Ракометарите на Вардар неславно ја завршија групната фаза во Лига на шампиони. Вечерва во Скопје Мешков Брест беше подобар: 32:36 и тоа значи дека црвено-црните во следна фаза ќе ги чека пеколен противник.
Вардарци го совладаа Елверум со 35:32, а голот за издвојување е првиот во режија на Калараш - Чупиќ - Георгиевски. Првиов се фрли по топка како да бркаат гол за победа, а мечот само што почна.
Многу важна победа на Вардар кој сега може да ги избегне Веспрем или Барселона во нокаут фаза, но само доколку ЕХФ ги додели службено бодовите на контото на Црвено црните од дуелите со ПСЖ и Флензбург.
Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во Лига на шампиони, откако вечерва минимално загубија 34-33 на гостувањето кај Пик Сегед во Унгарија.
Ракометарите на ПСЖ (7) заедно со ракометарите на Вардар (6) одиграа најмалку натпревари во Лига на шампиони сезонава поради глобалната пандемија. Парижаните искористија една пауза да поиграат и баскет на тренинг, а доминација под обрачите очекувано имаше Криштопанс.
Македонскиот ракометен првак со пораз ја стартуваше Лигата на шампионите во 2021-ва, вкупно трет сезонава. Бадијала беа 15-те интервенции на Борко и 9-те гола на Дибиров. Вардар сам си пресуди.