Мечот Зенит - Борусија Дортмунд донесе убав фудбал, многу голови, поведри теми од оној дуел во Париз меѓу ПСЖ и Истанбул и нов рекорд во Лига на шампиони.
Фудбалот некогаш знае да ги пишува најубавите романи. Едно поглавје од оваа игра е посветено на животот и кариерата на две големи легенди: маестро Андреа Пирло и стариот волк Мирчеа Луческу, на времето ученик и учител.
Сонот на навивачите на Манчестер Јунајтед конечно се исполни: клубот после многу перипетии конечно најде десно крило, позиција која со години беше дефицитарна на „Олд Трафорд“.
Најозборувано име во фудбалска Британија во моментов е Бруно Фернандеш, Португалецот кој го крена ранетиот Манчестер Јунајтед и го насочи на пат кон Лига на шампиони.
Најдобриот светски тренер на денешницата кукаше за зимска пауза во Премиер лигата, направи револуција, ама кога се вратија од одмор не може човек да ги препознае - 3 порази без даден гол. Што е работава?
Мајка му на малиот Дерах отишла во пошта, а таму ѝ рекле дека има препорачано писмо на име на син ѝ. Жената се збунила и исплашила кој би можел од Англија да му пишува на малиот во Република Ирска. Кога виделе од кој е писмото се шокирале.
Фудбалска вест на неделата е триумфот на Аталанта над Валенсија од 4:1. Еден од хероите на мечот беше Аргентинецот Алехандро Папу Гомез, лидер на тимот и најдобар асистент.