На Твитер се појави ново видео од инцидентот на дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Капитенот до толку се налути за време на навивачката пресметка во која летаа на сите страни сè и сешто, што собори еден од Комитите на земја.
По скандалозните дебилни испади на „Гробари“ кои го пречекаа Вардар во СЕХА лигата со грчко знаме, графити дека Гоце Делчев е Бугарин и дека сме немале идентитет, за сега нема никаква осуда од Партизан или било која институција, а треба остри казни да фрчат за ова. Спортплус.мк му ја фатиле реакцијата на Столе Стоилов.
Вечерва во Келн ќе се одигра финалето на Лига на шампиони за сезоната 2019/2020 која доцнеше од познати причини. Вечерва од 20:30 Кил и Барселона ќе играат за европската круна која 574 дена му припаѓаше на Вардар. Апсолутен рекорд на тронот.
Вардар бие тешка битка против Кјелце кој важи за фаворит на гостувањето во Јане Сандански. Пољаците водеа +4 на полувреме, а капитенот намали на +3 со еден удар на прва во кој го истури цел бес што не им оди.
Ракометарите на Вардар не можеа да посакаат поубав кам бек на паркетот после сите перипетии со коронавирусот кој им „скина“ два меча од распоредот. Одиграа како во најдобрите денови и го декласираа германскиот состав кој допатува во Скопје непоразен со три од три.
Каква пауза, каква корона, какви бакрачи. Вардарци вечерва блеснаа против Фленсбург, а играч на мечот беше Столе Стоилов кој ги растури Германците и направи шоу во стилот на Индира Кастратовиќ, без да гледа во гол. Уживајте.
Пред точно 12 месеци, на денешен ден Вардар направи сензација, откако на полувреме губеше со седум голови негатива, па во вториот дел се врати и оствари историски триумф против моќната Барселона во полуфинале на Лига на шампиони.
Откако Пари Сен Жермен израмни преку Даниел Нарсис во финалето на Лига на шампиони во 2017-та, на Вардар му останаа само седум секунди да проба да направи сензација.
Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.
И покрај сите неволји со кои се соочува во последните неколку месеци, европскиот шампион Вардар покажа дека е над ситуацијата - вечерва во Скопје го згроми украинскиот шампион Мотор 38:28.
И покрај тоа што пред девет месеци имаше најави дека Вардар ќе добие финансиска помош од домашни компании и бизнисмени, сепак денешната прес конференција на која се појави капитенот делува многу загрижувачка за македонскиот спортски бренд.