„Сантијаго Бернабеу“ ретко кога бил сведок на големи сензации како синоќа, на 28 септември 2021-ва година. Во Лига на шампиони Реал изгуби од анонимен клуб со играчи од Узбекистан, Луксембург, Мали...
Фудбалерите на Ајакс бележат перфектен старт по првите две кола во ЛШ. Петарда во Лисабон против Спортинг, па триумф над Бешикташ за прво место во групата Ц. На Интер му се компликува патот до нокаут фазата, бидејќи по поразот на домашен терен од Реал, одигра само 0:0 на гости во Украина.
Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.
Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.
Стерлинг и Кејн ја решија фудбалска класика во своја корист и ја испратија Германија дома. Англија оди во четвртфинале против Шведска или Украина, а Јоаким Лев ја завршува долгата селекторска функција од 15 години.
Пред магичниот Килијан Мбапе, само двајца фудбалери во историјата успеале да постигнат дури три гола против Барса во Лига на шампиони. Интересно и двајцата стигнаа до тоа во 1997-ма.
После 5 одиграни рунди веќе знаеме повеќе од пола патници во нокаут фазата - 9 екипи кои обезбедија пласман. Четири тима се сигурно први и ќе имаат предност на ждрепката за 1/8 финале.
И без Меси и Френки Де Јонг кои Куман реши да ги одмори, Барса убедливо го победи Динамо во Украина. Манчестер му се одмазди на Башакшехир за поразот во Истанбул, а ПСЖ до крај ќе води битка да помине група.
Фудбалот некогаш знае да ги пишува најубавите романи. Едно поглавје од оваа игра е посветено на животот и кариерата на две големи легенди: маестро Андреа Пирло и стариот волк Мирчеа Луческу, на времето ученик и учител.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.