Македонската фудбалска репрезентација ги дозна можните противници за следното Европско првенство на кое се разбира ќе учествува ако го освои фајнлфорот во Лига на нации.
Во 14. коло од украинското првенство, Шахтјор во дербито го совлада Динамо Киев со 1-0 и ја зголеми предноста на 13 бода. Но мечот помина во сенка на расизам од трибините и црвен картон за Бразилецот Тајсон.
Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.
Момците на Андриј Шевченко ја совладаа Португалија и со 19 бода или 6 победи и едно реми, одат директно на Еврошампионатот следната година. Младиот бек на Манчестер Сити, Александр Зинченко скроз одлепи во живо, и тоа не еднаш.
По примерот на Манчестер Јунајтед, и Милан докажува дека кога еден гигант ќе го допре дното, многу е тешко да се врати на старите патеки на успехот. Со години росонерите не можат да се опорават, а нов шамар синоќа им залепи Фиорентина предводена од ветеранот Рибери.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Украинецот Александр Зинченко после убедливиот триумф над Србија, во едно интервју се занесе и ја бакна новинарката Влада Шеглова во директен пренос.
Луксембург се држеше со Украина, играше машки и до 93-та минута имаше 1-1 за евентуален огромен бод во групата. Ама на крај, нивниот најдобар играч Жерсон Родригеш си заби неверојатен автогол и Украина однесе 3 важни бода.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....