Наместо да уживаат во мајсториите на фудбалерите од Јужна Америка (читај Бразил), група морони навивачи на Динамо Киев кои пропатувале 490 километри до Харков, непрестано ги навредувале црномурните Бразилци од Шахтјор Дентињо и Тајсон.
Шахтјор ги игра своите натпревари на стадионот на Металист откако изби конфликтот во Доњецк пред неколку години.
Во 73’ минута после еден напад на „рударите“, додека Тајсон ја водеше топката, од гостинскиот сектор се слушаа гласни мајмунски урлици. Во тој момент Бразилецот од Шахтјор, како Балотели пред неколку дена во Верона со сета сила ја зарога топката накај расистите и им покажа среден прст.
Ама за разлика од Марио, Тајсон доби директен црвен картон иако судијата во случајов мораше да има повеќе разбирање. За првпат во украинскиот фудбал на овој меч судијата реши на 5 минути да го прекине мечот поради расизам и ги повлече играчите од двата тима од теренот.
Absolutely heartbreaking seeing Shakhtar player Dentinho in tears after receiving racist abuse in today’s game against Dynamo. Taison retaliates by kicking the ball into the crowd and gets sent off. More needs to be done. pic.twitter.com/S9CA5uNfcw
— Tom Sleeman (@TomSleeman11) November 10, 2019
Капитенот на Динамо, Циганков во еден момент заедно со соиграчите отишле кон своите навивачи и побарале од нив да прекинат со расистичките испади.
По крајот на мечот Дентињо го напуштил теренот во солзи затоа што ниту тој ниту неговите сонародници не се моќни да ги спречат расистите. За ова е задолжена украинската фудбалска федерација која во најбрз можен рок треба драстично да го казни Динамо со цел да се избегнат нови вакви случаеви во иднина.
Расизмот е многу честа појава во последно време, а општ впечаток е дека само на Островот се преземаат сериозни и драстични мерки за казнување, пријавување и суспендирање на навивачи кои емитираат расистички урлици.