За време Студената војна, никогаш не верував дека сме во опасност. Кубанската криза, што ми го подрасипа 11-от роденден, ме убеди дека сите ќе имаат малку повеќе разум. Мислев дека телевизиските драми за нуклеарен Армагедон се неубедливи. Не можеа да смислат веродостојна причина за почеток на таква војна. Но, сега тоа делува сосем уверливо.
При крајот на Втората светска војна на Јапонците почнало да им станува јасно дека мораaт да сменат тактика ако планираат да победат. Не дека ова многу им помогнало, но идејата била ингениозна - тие дизајнирале и пуштиле во воздух 9300 „огнени балони“, бомби кои требало да го преминат Пацификот и некако да стигнат до САД. Некои навистина и стигнале, па дури и успеале да убијат неколкумина цивили.
Филмот Molly’s Game (2017) во кој има интересен дијалог за атлетичарот Џеси Овенс ја инспирираше светската јавност да се потсети на легендарниот Американец кој во многу опасно време станал главен херој на берлинската Олимпијада во 1936 година.