И во врвот на Студената војна, германските домови се греат благодарејќи на горивото испорачано преку 4.000 километри долгиот советски нафтовод Пријателство. Иако Пријателство ќе продолжи со работа, апдејтот на руско-германската соработка во форма на Северен тек 2, е сериозен извор на проблеми и притисоци врз Меркел.
Според квалитетот и класата на играчи, за оваа селекција на Хрватска е нелогично да се каже дека направила изненадување со среброто во Русија. Но нивниот пат до Мундијалот воопшто не беше едноставен. Кога во финишот од квалификациите загубија од Турција, па во претпоследно коло киксираа 1:1 со Финска на домашен терен примајќи гол во 90-та минута, од хрватскиот сојуз го набркаа Анте Чачиќ и за негов заменик го назначија анонимниот Златко Далиќ.
И така, додека светот ги слави хрватските момци кои вложија надчовечки напори да влезат во финале, еден фудбалер што допатува со нив во Русија (ќе простите на речникот), ама сега си гризе од газот.
Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) соопшти дека помошникот тренер - скаут во репрезентацијата, Огњен Вукојевиќ е сменет по објавеното видео на кое тој и репрезентативецот Домагој Вида ја величаат Украина по триумфот над Русија.
После мечот со Русија во четвртфиналето на кој беше еден од најголемите јунаци поради убавиот гол со глава, хрватскиот стопер Домагој Вида даде коментар за дуелот на Хрватската телевизија и беше сосема пристоен, коректен и убедлив. Подоцна се изглупирал.
После години и години разочарувања од многу генерации меѓу кои и онаа златната на Џерард, Тери, Лампард, сега англиските навивачи конечно гледаат свежина и младост спремна да им го донесе трофејот кој го чекаат
Бил тренер на хрватскиот скромен клуб Вартекс и додека чекал повик од Хајдук или Динамо на телефонот му се појавил арапски број. Набрзо сфатил дека во животот најголемите победи се остваруваат со макотрпна работа и поднесување жртва.
Кога нема да го отвориш сајтот на ФИФА или Википедија и нема да издвоиш барем пет минути за основни информации околу Мундијалот, може да ти се случи и Велес да го бараш во Шведска.
За разлика од претходните Светски првенства 2010 и 2014 во Јужна Африка и Бразил каде илјадници Англичани патуваа да ја бодрат својата репрезентација, овојпат за Русија нема претерано голем интерес за карти. Зошто така?
Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.