Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Нова книга на канадско-американскиот психолог Пол Блум, која излезе вчера, 2.11, тврди нешто што изгледа како парадокс - дека вистинскиот вид страдање го отвора патот до среќата. Болката може да нè дефокусира од нашите стравови и да ни помогне да се надминеме себеси. Едно од поглавјата се однесува на родителството, како на извор и на болка, и на исполнетост.
Нова книга на психијатарот Ана Лембке ја поврзува нашата опседнатост со мобилните телефони со инстинкт стар милиони години - принципот на потрага по задоволство, а одбегнување болка.
Кога новинарот Стивен Курци (Stephen Kurczy) тргнал од Њујорк во длабоката провинција на Западна Вирџинија, бил убеден дека ќе го најде модерниот Валден - оаза незагадена од последиците на дигиталната ера. Но дали навистина пристигнал во најтивката област во Америка?
„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.
Во науката за сексот многу повеќе внимание е посветено на чинот на имањето секс - кога, каде, со кого - отколку на тоа што луѓето мислат за него. Еден истражувач одлучил малку да се позанимава со темата, и по спроведување на најголемиот проект посветен на сексуалните фантазии, издал книга во врска со тоа.
Наречена „поп стар на порното“, Стоја, актерка и продуцентка на филмови за возрасни со српско потекло, е бранителка на порно индустријата и еден од нејзините најартикулирани коментатори. Сега има и нова книга.