Најдобриот светски тренер на денешницата кукаше за зимска пауза во Премиер лигата, направи револуција, ама кога се вратија од одмор не може човек да ги препознае - 3 порази без даден гол. Што е работава?
Мајка му на малиот Дерах отишла во пошта, а таму ѝ рекле дека има препорачано писмо на име на син ѝ. Жената се збунила и исплашила кој би можел од Англија да му пишува на малиот во Република Ирска. Кога виделе од кој е писмото се шокирале.
Реши Клоп на градскиот ривал во ФА Купот да му излезе со втора екипа. Не играа Алисон, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Матип, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Вајналдум, Салах, Фирмино и Мане. Ама затоа играше малиот Куртис Џонсон (18) кој во 71' минута постигна маестрален гол и го испрати Евертон без победа дури и по 21. градско дерби.
Ако во Галиција, еден од најубавите реони во Шпанија кој излегува на Атлатнскиот океан прашате кој е подобар, Меси или Роналдо, ќе ви одговорат: „Јаспас“. А Јаспас е човекот-икона на Селта Виго кој се врати од Ливерпул само да биде дома меѓу своите.
Детето на Ливерпул и најголемата прогноза на Стивен Џерард полека но сигурно фрла малтер на својата позиција во репрезентацијата која ќе ја забетонира во следните години. Трент Алекасндер-Арнолд по Ливерпул сега се докажува и за Англија и добро му оди.
Од својата рана возраст, кога имал 14 години па до ден-денес Луис Суарез најголемата поддршка во животот ја имал од својата некогашна девојка а денес сопруга Софија со која поминал неверојатен пат.
Меѓу подобрите фудбалери на Ливерпул во полуфиналето против Рома синоќа беше младиот непознат Ендрју Робертсон од Шкотска кој имал необичен фудбалски пат.
Предводникот на генерацијата фудбалери која постигна неверојатни 40 гола во Лигата на шампиони сезонава, во младоста запнал да студира медицина. Сметал дека може да се најде во оваа област но го предомислувале да батали и да игра фудбал.
Толку многу сакал да игра фудбал што како мал избегал од родното село и отишол на проба во 800 километри оддалечениот Дакар. Неговите на крај се помириле дека се решил за фудбал па решиле да собираат пари од бербата во плантажите во Сенегал.
Повремениот англиски репрезентативец Адам Лалана се врати од повредата и формата ја крева во резервниот тим на Ливерпул (У-23) за кој играат претежно млади играчи. На мечот на младинците против Тотенхем во 63’ минута, Лалана после еден дуел со Џорди Марш го фати малиот фудбалер за врат со ММА потег. Ги раздвои Дени Ингс кој исто игра за резервите на „Црвените“. Лалана одма доби црвен картон.
„Тоа што го прави тој не го направил ниту еден политичар. Салах ги обедини сите - Мароканци, Тунижани, Саудијци, Кувајтци, жители на Емирати и Оман - сите го сакаат. Кога се случува некаков напад, Салах е единствен кои ги теши жителите и им дава надеж.