Во квалификациите за Светско 2018 „Албиселесте“ имала убедливо најмногу удари кон противничкиот гол 66 од кои 22 биле во рамките а само 4 завршиле во мрежата. Имаат сè што им треба, и добар селектор и играчи само треба да поработат на реализацијата за која има страшен мастраф.
Во текот на секој натпревар сезонава, под дресот на својот Лас Палмас, Ганецот Боатенг ќе носи дрес посветен на младиот Нури чие оштетување на мозокот ја потресе Европа.
Кога на 18 години добиваш 5 милиони фунти годишно не знаеш што попрво да направиш со себе и мислиш дека можеш да го имаш целиот свет. Кога ќе се погледнеш во огледало еден ден ќе сфатиш дека си правел само глупак од себе и ништо друго.
Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.
Листава е стварно супер и е шаренолика со убави и атрактивни голчишта, ама некако тој на Лас Палмас ни се двои, ем поради асистенцијата, ем поради завршницата.