Од драматичното прво финале во клупската историја, ракометарките на Вардар ќе се задоволат со второто место на Фајнал Форот на Лигата на шампионите, откако вечерва загубија во продолженијата од Ѓер 31-30 (15-12, 25-25).
Иако играа против Будуќност, домашните навивачи на Ѓер не пропуштија да ги пецнат бројните романски навивачи на Букурешт кој подоцна играше со Вардар. „1918 - Мојата баба е постара од Романија“, стоеше на банерот со кој Унгарците ги закачнаа комшиите за датумот на нивната независност.
38-годишната руска голманка Ина Суслина вечерва во полуфиналето на Фајнал Форот против Букурешт бранеше како својот колега од машкиот клуб на Вардар и фати дури три седмерци во едно полувреме.
По три неуспешни обиди, ракометарите на Вардар успеаа да се пласираат онаму каде што сонуваа и тие и навивачите, во големата четворка на европскиот ракомет. Флензбург не мрдна во Јане Сандански и се соочи со одмазда од 2014-та.
На реваншот против данскиот Мидтјиланд ракометарките на Вардар славеа 26-24 и обезбедија пласман на турнирот Ф4 каде ќе атакуваат на титулата европски првак.
Во можеби најлесниот натпревар сезонава, на домашен терен Вардар го победи Турингер 36-26 и во мир ќе замине на паузата пред четвртфиналните дуели. Таму или ќе одат во Данска или во Романија.
Не само што го загубија првото место од Ференцварош во групата, туку и првпат во Лигата на шампионите примија повеќе од 40 гола. Мец - Вардар 42:28 (19:16).
Ракометарите на Вардар ја прекинаа серијата од три победи по ред во Лигата на шампионите и со овој пораз од Мешков Брест само го одложија денот на заверување на визата за топ 8 фазата.
Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа Целје 35:30 во 12. коло од групната фаза на елитната лига и на две кола пред крај има големи шанси директно да се пласира во четвртфиналето.
Во дуелот од 11. коло од Лигата на шампионите, Вардар на гостински терен го совлада Пик Сегед 21-23 (11-12) и се зацврсти на првото место во групата Б.
По големиот триумф над европскиот првак Будуќност на гости, ракометарките на ЖРК Вардар го совладаа Мец и стигнаа до одлична серија од седум победи во низа во Лигата на шампионите.