Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.
Уште не спласнати реакциите од првото, од Домагој Вида протече уште видео снимено во соблекувалната на Хрватска по елиминацијата на Русија. Пак замара со Украина, а спомнува и ресторан по име Белград кој се наоѓа во Киев. Со него овој пат е Ивица Олиќ кој е дел од стручниот штаб. Ја тераат балканската.
Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) соопшти дека помошникот тренер - скаут во репрезентацијата, Огњен Вукојевиќ е сменет по објавеното видео на кое тој и репрезентативецот Домагој Вида ја величаат Украина по триумфот над Русија.
После мечот со Русија во четвртфиналето на кој беше еден од најголемите јунаци поради убавиот гол со глава, хрватскиот стопер Домагој Вида даде коментар за дуелот на Хрватската телевизија и беше сосема пристоен, коректен и убедлив. Подоцна се изглупирал.
Стрелецот на вториот гол за Хрватска, стоперот Вида и членот на стручниот штаб Огњен Вукојевиќ синоќа снимиле видео во кое ја величаат Украина што Русите го сфатиле како провокација. Двајцата долго време играа за Динамо Киев, едниот седум години, другиот пет па затоа ваков излив на емоции за Украинците кои во квалификациите за Светско испаднаа токму од Хрватска.
Ждрепката за Лигата на нации на УЕФА ќе се одржи на 24. јануари во Лозана од 12 часот кога Македонија ќе ги дознае датумите на одигрување и противниците.
УЕФА и официјално го најави новиот проект кој практично ќе биде замена за пријателските натпревари и шанса за помалите земји да обезбедат пласман на Европско првенство. Стартува во септември 2018-та, а завршува во јуни 2019-та.