Не сум сигурен дали може жив човек да напише дека Есма Реџепова умрела. Така, не сум сигурен ни дека ова сега го пишува некој жив. И ви го велам ова без каква и да е патетика, без симболика и метафорика. Само сакам да ви раскажам што ми се случи еднаш во животот.
Дали знаете што била Клеопатра а не е Египќанка? Дека е Македонка пред многу години тврдеше и Џони Штулиќ (кога за првпат помисливме дека полудел) и таа теза води до лозата на иранскиот шах Пахлави. Кому му е тоа интересно, нека буричка наоколу. Видеото не е од некој опскурен извор туку од National Geographic.
Кој рече дека веќе не постои ангажирана музика? Еве една жестока анти-химна на популарните тв форми - реалните шоуа. Новиот Џони Штулиќ се вика Зока Босанац. Со тоа што, ќе видите и сами, какво време, таков Штулиќ.
Можеби треба да се запрашаме за причината и за потеклото на таа интересна појава. Како да е тоа фабрички вградено во машките уште од праисторија, ама во меѓувреме некако се довело под контрола кај пристојните луѓе. Типично машки начин на однесување, иако има и женски примероци.
Влатко Стефановски го најавува новиот албум на Леб и сол и тврди: 1) Леб и сол не сакаат да се повторуваат. 2) Леб и сол звучат посвежо од кога било. 3) Новите песни нас Леб и сол ќе бидат уште поголеми хитови. "Ете што може брак да направи од човека!," пишува магазинот Поп рок во пресрет на албумот кој ќе биде последен студиски запис од легендарниот македонски бенд.