Во најновата еко-акција, што се спроведе во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, волонтерите на Пивара Скопје исчистија неколку километри од кејот на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба. При тоа беше собран целиот сув отпад од патеките и бреговите на двете страни на реката, кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран.
На истиот тој што дреме на Јутјуб и гледа Фортнајт видеа по цел ден, пренесете му дека другарче негово од Пенсилванија само што собра 3 милиони долари за освојување на Фортнајт светското првенство.
На денешната прес конференција Parkland Hospitality Group гордо го претстави својот најнов член - Next Door Park Hotel, којшто со својот карактер и комбинација на милениумски дух и храброст претставува вистинско освежување за Скопје. Next Door Park хотелот со 4 ѕвездички е новиот член на оваа групација и воедно новото поглавје од успешната приказна наречена Parkland Hospitality Group.
Само колку да е јасно, кога мислиме на вода крај која е убаво да се живее не мислиме на Вардар, туку нешто почисто, посино и по можност поморско. Додуша експертите велат дека дури и една обична фонтана среде град прави разлика.
Јас, Јане, жител на општина Гази Баба, од населбата Ченто, имам едно прашање првенствено до нашиот градоначалник, а индиректно и до градоначалникот на град Скопје поврзано со патната инфраструктура во мојата општина. Прашањето е: Доколку планирате повторно да се кандидирате за градоначалник, врз основа на што ќе го побарате мојот глас како жител на населбата Ченто?
„Старо железо" е современа драма која третира секојдневие на едно ромско семејство прикажано од перспективата на едно искрено осумгодишно девојче и нејзините заложби да придонесе во нивниот живот. Филмот е базиран на емотивно доживување кој за основна тема зема еден секојдневен актуелен случај виден во очите на најневиниот набљудувач, детето.
Компанијата Млекара Здравје Радово во рамките на својата кампања Здравје во твои раце продолжува да ги поддржува и промовира здравите навики, спортскиот начин на живењее, велосипедизмот, трчањето и пешачењето.Од оваа година функционалниот јогурт Здравје + стана горд подджрувач и промотер на Скопскиот маратон, а исто така од оваа година ќе биде дел и од манифестацијата Прв до врв која ќе се оддржи на22 мај на Водно.
А истите години ги имаме, од крв и месо сме и ние, исто способни сме, исто паметни сме. Каде да одиме ние на фудбал? На Вардар-Царев Двор или на Силекс-Влазрими? Каде што и играчине идат со сила пошо јебига се заебале па потпишале договори? Каде да шетаме ние? До Маврово/Охрид ако отидеме па тоа се церемонии, планирања, кратења од други месеци...
На иницијатива на група хумани граѓани, денес Центарот за ортотика и протетика Славеј му подари спортска инвалидска количка на Александар Велески кој боледува од церебрална парализа. Истата му е неопходна за задоволување на основните потреби како и за подготовките за параолимписките квалификациони натпревари кои ќе се одржуваат во Охрид во текот на месец мај.
Резиденцијалниот објект Парк Резиденс денес официјално се збогати со уште една нова содржина. Во склоп на објектот од утре сите посетители ќе можат да уживаат на уште едно ново место, кое како концепт за прв пат се отвора во Скопје.