Ширум светот минатиов викенд се одиграа стотици фудбалски средби, но големо внимание привлече мечот во едно градче на Ирското море во Англија по чии плажи шета Карло Анчелоти и на чиј стадион синоќа шпионираше Јирген Клоп.
Денес како гром од ведро небо се појави информацијата за преминот на најдобриот играч на Саутемптон во Ливерпул. Вирџил Ван Дејк е шести фудбалер кој оди во таа насока.
Упорноста и напорниот труд кои ги вложил во судбоносните два месеци за да докаже дека е талентиран фудбалер во јуниорите на Саутемптон го направија Окс еден од најдобрите англиски фудбалери на денешницата. Од Арсенал прејде на „Енфилд Роуд“ а го одби Челси.
Баскиецот е еден од ретките играчи кои соработувал со Мурињо, Гвардиола, Анчелоти и Рафа Бенитез. Уште од мал бил повлечен и скромен, неприметлив, но најкорисен на теренот. „Има GPS во главата“, вели неговиот прв тренер во Сан Себастијан.
Како мал никако не сакал да оди во школо поради што долго време не знаел да пишува со пенкало, но знаел да се потпишува со фудбалската топка. Неговиот талент не го забележувал никој, освен еден скромен забар којшто го однел на проба во голем клуб и му ја спасил кариерата.
Дефанзивецот на Ливерпул и репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен раскажа низ колку тежок период поминал во детството кога избила војната во Босна и Херцеговина.
Некогашниот репрезентативец кој одигра 43 меча за Англија и постигна 22 гола беше учесник на две Светски првенства. Кога имаше серија од 18 меча без гол, навивачите и новинарите го распнаа, а подоцна се отвори и се изнадава голови.
Бен Вудборн е роден во старото градче Татенхол недалеку од Честер на 15. октомври 1999 година. Како јуниор преминал во Ливерпул и се запишал во школото Раинхил коешто е база на академијата на Црвените.
„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.