Во сезоната 2018/2019 Интер првпат надминал приходи од 400 милиони евра. Клубот заработил 415 милиони, односно 20% повеќе од лани (346 милиони). Од нив 19,1 милион носи договорот со Pirelli, најверниот партнер на Интер во последните 24 години.
Кога Мурињо праќа некој на позајмица во Италија, тоа никогаш не е добар претзнак. Прашајте во Милан, Интер или на пример во Фиорентина, за случајот Марин. Сепак, Мурињо погреши со египетскиот Меси, кој не доби права шанса.
Дојде време да се подвлече црта и да се види кои од фудбалерите што ги засилија италијанските клубови навистина ги оправдаа очекувањата. Фиорентина го откри Салах и заборави на Куадрадо. Новиот дрес ги освежи уште и Нианг, Муриел и Макси Лопез. Интер со трансферите погоди половично, а Милан промаши целосно.