Актуелниот македонски шампион очекувано стигна до лесна победа во претпоследното коло од Лигата на шампионите и уште еднаш го потврди квалитетот во оваа сезона кој им носи пласман во топ 16 фазата. Конечниот резултат против швајцарскиот противник беше 32:25.
Ракометарите на Вардар викендов го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите пред своите навивачи против аутсајдерот Вакер Тун, противник кој го пречекуваат без притисок, но со голема внимателност.
Актуелниот шампион на Македонија го потврди својот квалитет на меѓународната сцена и со победа над Динамо Минск, дебитантска за новиот стратег Раул Гонзалес во ЛШ, предвреме обезбеди пласман во топ 16 фазата.
По пауза од 70 дена кога го одиграа последниот натпревар од Лигата на шампиони против Барселона, ракометарите на Вардар продолжуваат со настапите на европска сцена, а в недела за противник го имаат тимот на Динамо Минск.
Раул Гонзалес е новото име кое седна на клупата на македонскиот ракометен шампион. Тој е четвртиот тренер оваа сезона во таборот на „Црвено црните" кого го очекуваат предизвици на три различни фронта.