Признанието чие доделување го одбележуваме со години се вика Дијаграм, и претставува хумористичен поглед кон годишната продукција книжевни наслови. Оваа година победникот е од областа на антропологијата.
Британците се познати по необични книжевни награди. Награда за лош секс во фикција за „најзасрамувачките пасуси на сексуален опис во роман", „Секирче на годината" за најостра книжевна критика, но и наградата Дијаграм, за најчудниот наслов на книга на годината.