Не станува збор за политичка коректност. Ни за проста форма, церемонијалност и манири зад кои се кријат други намери. Пристојноста е, и треба да биде, нешто повеќе од потиснување на поинаквите (непристојните?) мислења и начини на однесување, вели нова книга.
Некои ги прескокнуваат, други сметаат дека се корисни како воведи, без оглед дали се напишани од самите автори или од некој познавач на нивото дело. Има и такви предговори кои можат да функционираат како засебни есеи. Во нова книга, сите тие се реални, ама се напишани за книги кои (сè уште) не постојат.
Нова книга на Џон Тирни и Рој Ф. Баумајстер, „Моќта на лошото“, ни потврдува нешто што веќе искуствено го знаеме - дека лошите работи подолго се памтат од добрите, и дека моќта на негативното мислење е како онаа на ламја со три (во случајов четири) глави. И една глава да исечеш, на нејзино место се појавува нова. Освен ако не ги исечеш сите истовремено.
20 години откако напишал книга во која тврдел дека стравот од смртта е тотално неоправдан, еден американски филозоф го менува мислењето, и тоа не само за смртта, туку и за смислата на животот. Вели дека дури сега, на 97, ништо не му е јасно.
Веројатно највлијателниот жив научно-фантастичен автор има нова книга. Се вика „Агенција“, а во неа се замислува свет во кој во 2016 победила Хилари. И, да нема дилеми, не дека тој е нешто подобар од овој нашиов.
Знаеме денешни ВЦ-иња во кои има цели библиотеки полни списанија, па и со по некоја книга. Ама дизајнерите од 18 век или имале уште поголема почит кон пишаниот збор, или обратно, многу добра смисла за критика.
Една од најпознатите музејски институции во Франција, Музејот д’ Орсеј, почнува со нов пристап кон технологијата, истовремено заживувајќи ја својата колекција - преку ангажирање уметник кој треба да замисли како би изгледал Инстаграм профилот на познат колега од историјата.