Целосното име ѝ било Алма Ида Вилибалде Максимилијана Карлин. Зборувала девет јазици, и во време кога тоа воопшто не било вообичаено, одлучила да тргне сама на пат, на кој поминала цели осум години и ги посетила речиси сите континенти.
Еден од фаворитите за Оскарот од неанглиско говорно подрачје за оваа година е филмот на Хироказу Коре-еда, кој ја доби и Златната палма во Кан. Иако и критиката и публиката е едногласна во пофалбите на приказната за сиромашно семејство кое посвојува девојче, јапонските политичари повеќе би сакале тој никогаш да не бил снимен.
Месец мај освен за освојувањето на титулите носи жестоки битки и на дното од табелите. Ова е ситуацијата во топ 5 лигите во Европа каде освен во Серија А во сите други првенства остануваат уште две кола до крајот. Најголема неизвесност има во Германија и Франција.
Арсенал во последните години важи за најшарениот клуб кога во прашање се националноста и религијата на играчите. Пред неколку дена меѓу „Топџиите“ стигна и фудбалерот кој сака да купи куќа во село Маврово и секоја година доаѓа во Гостивар.
Добро, јасно е дека август пред се ќе мине во знакот на Олимпијадата, ама за тие кои уживаат во спортски викенд со гледање фудбал, вртење билтен и следење резултати, треба да знаат што ги чека уште малку.
Англиската Премиер лига е најдобра фудбалска лига на светот. Тоа го тврдат англиските навивачи, англиските новинари. Велат, на Островот се игра најдинамичниот и најдобриот фудбал.
Капитенот на Рома ја игра 24-та сезона по ред со Џалороси, во Европа никој како него, но рекордот го држи неговиот поранешен компањон кој денес игра во Верона: Лука Тони смени 15 клуба во кариерата. Кои се најверни играчи во Европа?