Поранешниот фудбалер на Милан и Шалке, Кевин-Принс Боатенг (29) игра одлична сезона во најголемото изненадување во Ла Лига, Лас Палмас. Ганецот веќе даде четири гола во осум кола, кој од кој поубав и потсети дека не е за старо железо.
По една акција на која сигурно би позавиделе Меси, Нејмар и Луис Суарез, Лас Палмас покажа дека она што го гледаме на Плејстејшн е можно и во реален фудбал. Завршницата е на Кевин-Принс Боатенг.
По првите две кола им дадоа 4 гола на Валенсија и 5 на Гранада, а за да постигнат 9 гола лани им беа потребни скоро 3 месеци. За титула кладилниците им даваат коефициент 1.000, а не 5.000 како на Лестер. Навивачите се шегуваат дека барем името им е полесно за изговор. Лас Палмас.
На 4.07, на 76 годишна возраст почина Абас Кјаростами, славниот ирански режисер, фотограф и поет, автор на над четириесет филмови. Најпознатиот од нив е токму овој, награден со Златна палма во Кан.
Лас Палмас, тимот од Канарските острови е најтешкото гостување на Каталонците кои имаат негативен учинок против Канарците кога играат кај нив. Во што лежи причината?