„Ја користам оваа прилика да се извинам на АПСОЛУТНО НИКОЈ!“, напишал навивачот на Барнли којшто презема одговорност дека токму тој платил и нарачал веење на таков банер над стадионот „Етихад“ во Манчестер кога играа Сити и Барнли.
После протестите во организација на Black Lives Matter во англиската Премиер лига сите клубови на дресовите го носат овој натпис и клекнуваат на колена во знак на поддршка во борбата против расизмот, ама некои навивачи имаат и свои аршини.
Фабијан Авенариус Лојд, подоцна Артур Кревен, бил роден во 1887 во Лозана, а последен пат бил виден на брегот близу Салина Круз во Мексико во 1918. Помеѓу овие датуми, неговиот живот делува како материјал за филм.
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
Рок ѕвездата Џони Халидеј (или Алидè, како што се изговара на француски), кој почина на возраст од 74 години од рак на бели дробови, е најуспешниот музичар во историјата на Франција. И покрај феноменалниот успех во својата земја, малкумина го знаеа вон неа.
100 уметници од цел свет ги создавале 66-те илјади слики кои го сочинуваат филмот посветен на холандскиот сликар. Доколку би биле поставени физички во просторот, тие би зафаќале територија колку цел Лондон и Менхетен заедно.
Тоа дека серијава е за група богати американски мајки и нивните проблеми сигурно не е баш некоја реклама за неа. Но под површината на совршениот свет на Монтереј, Калифорнија, лежат куп трауми, тензии и лаги чие разоткривање е и болно и катарзично. Особено со таков актерски кастинг и со таква музика.
По триумфот над Виган во понеделникот, Брајтон енд Хоу Албион - клубот основан во 1901 година од посетители на паб, влезе во најдобрата англиска лига. Најголеми заслуги има тренерот Крис Хјутон, поранешниот бек на Тотенхем кој пред три години дојде во Брајтон.
Џибрил Сисе, кој беше еден од најхаризматичните играчи на времето па клинците Марио Балотели и Пол Погба сакаа да бидат како ѕвездата на филмот Такси 4 и прават фризури како него, објави дека ќе работи како диџеј и моден креатор.
Годината што ја оставивме зад нас консензуално е прогласена за таква која не сакаме да се повтори. За ретроактивно да се рационализира сето она што му се случи на светот, и што ќе продолжи да му се случува, меѓу другото се посегнува по филмови кои визионерски го претскажале она што денес го живееме, а чии пораки не сме ги сфатиле доволно сериозно. Еден од нив е токму овој.