Сме немале во последно време кого да сместиме во нашата омилена рубрика со офсајд ликови. Ама ете се појави најужасниот италијански селектор кој викендов дебитираше на новата тренерска клупа. Полошо не можеше да помине.
Знаете ли кој актуелен играч на Сините има најдолг стаж во Лондон? Не е Џон Тери, тој си замина. Се вика Матеј Делач, голман е и вели дека стекнал многу искуство во Челси, а се нема појавено ниту во Лига Куп.
Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер котира доста високо во светот на тролањето, но вечерва ќе го напаѓа Вардар како втор стрелец во норвешкото првенство и затоа пожелно е цврство да се чува.
Да заиграш во Серија А на 20 години, да те платат 30 милиони и на крај да речеш дека ти треба добар одмор, а си дремел цела сезона на клупа треба стварно да си многу свилен. Ајде дете во нашата омилена рубрика.
Според формата и минутажата дефинитивно да, но според тоа колку пари ќе заработува таму каде што ќе оди дефинитивно не. Само еден фудбалер од Серија А ќе биде поплатен од него.
Еден од многуте твитови кои ја опишаа играта на Пол Погба против Ливерпул гласи вака: 5 пати. Погба го загуби човекот кој требаше да го чува на корнер 5 пати. Тоа би било срамота и за играч од Лига 2.