Преживеал удар од авион, зависности од дрога и алкохол, ментални крахови и нефункционални семејни сетапи, за потоа да стане експерт за фармација, неврологија, психологија и хипохондрија.
Неам пишано одамна ама баш ништо, неќев да гњавам...сепак бавча е - не нива, па да се ора секоја недела.Аниху (Anyhow) еве ме повторно во прекрасната Индија-читај МКД.
Технички и практично гледано, четвртиот и петтиот ден од годината се оние драгоцени 40+ часа кога дури и прав празничен индијанец наоѓа време да здивне. И фала курцу за оваа несекојдневна прилика. Здраво, јас сум Боби, имам 26 години и на паузата меѓу огненото крштевање на 13-тата година од третиот милениум и останатите 300-5-60 (триста-пет-шеесет) денови ќе ви кажам зошто не враќам на смс-и, имам 5 кила плус и дали и во 2013-та ја сакам Катарина Ивановска...